Манчестер му даде црвен картон на Тен Хаг

October 28, 2024
1 min read

Манчестер Јунајтед и Ерик Тен Хаг ја прекинаа соработката откако вчера „Црвените ѓаволи“ загубија од Вестхем (2:1).

Ерик тен Хаг ја напушти улогата на менаџер на првиот тим на Манчестер Јунајтед, соопшти клубот.

Ерик беше назначен во април 2022 година и го предводеше клубот до два домашни трофеи, освојувајќи го Купот Карабао во 2023 година и ФА Купот во 2024 година.

-Ние сме му благодарни на Ерик за се што направи за време на неговото време со нас и му посакуваме добро во иднина. Руд ван Нистелрој ќе го преземе тимот како привремен менаџер, поддржан од сегашниот тренерски тим, до назначување на нов тренер, велат од „Олд Трафорд“.

Јавноста веќе извесно време очекува ваков потег, а по секој пораз на натпревар медиумите од Островото пишуваа дека „ова е последниот“ за досегашниот менаџер на Јунајтед со што се создаваше дополнителен притисок врз Јунајтед.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ситуацијата на Медитеранот е влошена“

Следно

Магливо утро во Истанбул

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop