Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши

June 3, 2025
2 mins read

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека во случајот со Асмир Јахоски институциите треба веднаш да преземат активности и да се провери начинот како тој го добил тој времениот пасош и да биде разрешен судијата кој му го дал овој времен пасош.

-Кога станува збор за случајот со Асмир Јахоски едно е јасно, дека институциите треба веднаш да преземат активности. Прво, треба да се провери начинот како го добил тој времениот пасош и второ следствено на ова, веднаш да биде разрешен истиот судија којшто му го дал овој времен пасош, рече тој во одговор на новинарско прашање за коментар за по изјавата на судските власти, дека гаранцијата од околу 2 милиони евра е доволна да му се издаде пасош на Јахоски, за напуштање на државата.

Доколку на секој осомничен за криминал, ако сака да ја напушти државата, да оди на некакви забави надвор од државата, судот му дава пасош или му го враќа или му дава времен пасош, нагласи, во земјава би настанал тотален хаос. 

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, за кого Судот има определено мерки за претпазливост во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, надвор од државата патувал со исправа со ограничен рок на важење, информираа вчера за МИА од МВР. 

Излез од држвата Јахоски остварил на Граничниот премин Богородица во петокот на 30 мај и се вратил во државата преку истиот граничен премин денеска на 2 јуни.   

-Лицето за кое прашувате остварило излез од Република Северна Македонија на Граничен премин Богородица на 30.05.2025, а се вратило во државата на 02.06.2025 преку Граничен премин Богородица. Имено лицето извршило излез од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по претходно донесено Решение КСЖ бр. 540/25 од 29.05.2025 на Апелационен суд со кое се дава согласност на лицето А.Ј. да му се издаде патна исправа со ограничен рок на важење, се вели во одговорот од МВР.

Јахоски, вчера претпладне се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во Судот, потврдија од Кривичен за МИА.

Јахоски, како што соопшти вчера владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бил на патување надвор од државата. Во соопштението се наведуваше дека Јахоски, кој го оштети Буџетот на државата за 167 милиони евра и за кого се води постапка, во моментов ужива на Босфор, откако добил домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со Јахоски и како му е издаден пасош за еден ден, рече дека прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати предметната патна исправа на осомниченото лице, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот.

-МВР постапува согласно одлука донесена од страна на Судот. Како и за други личности кои беа исто така од интерес за јавноста во минатото кога постапивме согласно законски надлежности и во рамки на итна постапка сме издвале документи за еден ден, така и во овој случај постапуваме и издаваме по одлука на судот документација соодветна во рамки на надлежност на Министерството, најдбрзо што може кога е по итна постапка, истакна Тошковски во изјава за медиуми по Меѓународната конференција по повод 50 години од основањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет – Скопје.

Посочи дека „суштината на прашањето треба во овој случај да биде како е донесена одлука од судот да се врати предметната патна исправа, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Секојдневно 1,6 милиони луѓе се разболуваат од небезбедна храна“, објави СЗО

Следно

ЕСМ повторно ќе се задолжи 30 милиони евра за да ги покрие загубите

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски (ВИДЕО)

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може
Go toTop