Манасиевски: Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие

September 6, 2025
1 min read

Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, Филипче и СДС, Драги Рашковски, во текот на вчерашниот ден бил фатен на граничниот премин Ново Село, со сума од 20 илјади евра кеш за кои немал покритие.

-За Рашковски и СДС не е изненадување да бидат дел од некаков криминален или пак коруптивен скандал, па затоа да ја потсетиме јавноста за минатото на Рашковски, кој важи за близок соработник на Заев и на Филипче.

Рашковски беше обвинет и осуден за случајот “Софтвери”, како поранешен генерален секретар на владата на Заев, Филипче и СДС, каде што набави софтвери, за кои никој немал ниту побарување, ниту пак претходно такво нешто било употребувано. Со оваа набавка Рашковски ја злоупотребил службената положба и го олеснил Буџетот за над 18 милиони денари.

Исто така, Рашковски беше обвинет и осуден за перење на пари, со што според обвинителството, било овозможено четири компании да стекнат нелегитимна добивка од на 17 милиони денари.

Почитувани, матрицата на СДС не се менува, низ неа поминаа и сеуште поминуваат криминалци. Секојдневно СДС е полн со афери и скандали. Ги прашуваме и СДС и Рашковски, дали овие пари со кои бил фатен на граница се дел од перените пари од случајот “Софтвери”? Дали СДС ќе се огради од Рашковски, а со тоа и од Заев кој важи за најблизок соработник своевремено на Рашковски? Дали СДС има намера да се реформира и да почне да внесува чесни луѓе кои треба да им ја водат партијата, а не вакви како Рашковски, Заев и Филипче?

СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција. Го повикуваме воедно и ЈО да земе да работи нешто и да отвори случај, а не да седи настрана и да ги штити пулените на СДС, нагласи Манасиевски.

 

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со над 47 милиони денари промет неделава

Следно

Бикот да внимава со трошоците, Девицата да верува на интуицијата

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop