Малиот монструм не може законски да одговара: Прва изречена казна за масакрот во „Владислав Рибникар“ – еве кој е осуден

July 4, 2024
1 min read

Петмесечна казна домашен затвор му беше изречена денеска од Вишиот суд во Белград на Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиште каде што научил да пука малолетникот кој го изврши масакрот во училиштето на Владислав Рибникар, јавија белградските медиуми.  Ивановиќ е прогласен за виновен за кривичното дело давање лажен исказ, објавија од тој суд. Пресудата е донесена по спогодба со Судот.

Казната ќе ја издржува во просториите каде што живее и кои не смее да ги напушти, освен во случаите пропишани со законот за извршување на кривичните санкции, без користење електронски надзор.

Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на таа одлука, и таа е конечна.

За овој случај, судењето на родителите на момчето и инструкторот на стрелиштето продолжува. За давање лажен исказ е обвинет и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ.

Малолетниот К.К. на 3 мај минатата година уби девет соученици и еден училишен чувар во училиштето Владислав Рибникар во Белград. Со оглед на тоа дека во моментот на убиството имал 13 години, К.К. не може кривично да биде гонет. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ди Каприо откри со кого најмногу уживал да работи

Следно

Во израелските напади врз Газа убиени уште 58 Палестинци, билансот достигна над 38.000

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop