Малиновски во 24 анализа: Реакциите на дел од јавноста кон тетовскиот суд не се целосно оправдани, судот само применува закон

April 11, 2025
1 min read

Aдвокатот и поранешниот претседател на антикорупциска комисија, Драган Малиновски во 24 анализа рече дека, реакциите на дел од јавноста насочени кон тетовскиот суд не се целосно оправдани. Според него, потребно е да се погледнат сите околности според кои е донесена таа пресуда. Тој зборуваше и за тоа дека полномошниците на семејството на Теодора требало да им објаснат за каква казна станува збор, за, како што рече, да немаат нереални исчекувања.

„Сега сите реакции на јавноста се насочени кон судот и мислам дека не е во целост оправдано. Обвинението го подготвува обвинителот, второ вишиот Јавен обвинител од Гостивар не се побунил туку се сложил со жалбените наоди на одбраната и цела работа била завреша во Апелациониот суд Гостивар и не може понатаму да се донесе поинаква одлука. Треба да се утврди кои се причините и што донело до таква пресуда“, рече Малиновски.

Тој објасни и дека семејството на Теодора требало да биде изместено на време за можната преуда.

„Се доведуваме да го правдаме законот каков што е. Судот има обврска да го применува законот, законот е експлицитен дури и кај одлуките за вонредно преиспитување на пресуда реферира со конкретната одредба. Не сакаме да го навлекуваме гневот ниту на семејтсвото ниту на јавноста. Овие прашања требало да им ги кажат нивните полномошници за да не ги доведат во ситуација на нереални исчекувања“, додаде Малиновски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси сите училишта во Велика Британија го забрануваат користењето мобилни телефони

Следно

Кантона: Ретклиф не почитува ништо и никого

Latest from Blog

Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за
Go toTop