Макрон пристигна во Кина: Разговорите со Си Ѓинпинг ќе траат шест-седум часа

April 5, 2023
1 min read

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг претходно изјави дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг и Макрон ќе разговараат за продлабочување на соработката на различни полиња меѓу Кина и Франција, како и меѓу Кина и ЕУ и ќе разменат мислења за главните меѓународни и регионални чувствителни прашања

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во државна посета на Пекинг, објави кинеската централна телевизија.

Авионот на францускиот претседател слета на меѓународниот аеродром во Пекинг. Посетата на Макрон ќе трае од 5 до 8 април, тој ќе ги посети Пекинг и градот Гуангжу во јужната кинеска провинција Гуангдонг. Телевизискиот канал објавува дека ова е трета посета на Макрон на Кина како претседател на Франција.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг претходно изјави дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг и Макрон ќе разговараат за продлабочување на соработката на различни полиња меѓу Кина и Франција, како и меѓу Кина и ЕУ и ќе разменат мислења за главните меѓународни и регионални чувствителни прашања. Во исто време Елисејската палата објави дека францускиот претседател ќе помине вкупно од шест до седум часа во разговори со кинескиот лидер.

Макрон и Си Ѓинпинг последен пат се сретнаа на маргините на самитот на Г-20 во Индонезија во ноември 2022 година, додека последната посета на францускиот претседател на Кина беше во 2019 година. Претходно Елисејската палата истакна дека е дојдено време да се обноват контактите со кинеските власти и дека страните сакаат да дадат нов поттик на дијалогот за глобалните прашања. Според кинеското Министерство за надворешни работи, Макрон ќе има одвоени состаноци со кинескиот премиер Ли Чианг и со претседателот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес Жао Леџи.

На своето патување Макрон е придружуван од претставници на голем број големи компании, меѓу кои, според „Политико“, се претставници на авијацискиот концерн „Ербас“, енергетската компанија ЕДФ и инженерската компанија „Алстом“, пренесе РИА.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трамп се врати во Флорида откако се изјасни за невин по 34-те обвиненија во Кривичниот суд во Њујорк

Следно

Гази Баба дава субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друго алтернативно гориво

Latest from Blog

На убиецот на Џон Ленон му е одбиено 14. барање да биде пуштен на слобода, помина четири децании во затвор

Чепмен поминал повеќе од 40 години во затвор и отслужува казна од 20 години до доживотен затвор за убиството на поранешниот член на „Битлси“ во декемвриската ноќ додека тој и неговата сопруга

Низ Србија вечерва протести под мотото – „Со ’рбет против насилството“

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 13 полицајци се повредени и дека вкупно 42 лица се приведени. Студентите во блокада наведуваат дека инцидентите биле инсценирани и дека дејствијата на полицијата

Квалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)

Фудбалските репрезентации на Англија и Португалија обезбедија очекувани победи на денешните попладневни квалификациски дуели за СП 2026. Англија ја победи Андора со 2-0 во Бирмингем во четвртиот натпревар од квалификациската група К

Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

2 Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско
Go toTop