Макрон: „Израел не може да ги прошири своите операции во Либан без последици“

September 25, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Израел не може да ги прошири своите операции во Либан без последици, повикувајќи ги сите страни да ја деескалираат ситуацијата, известува Анадолу.

„Израел не може, без последици, самостојно да ги прошири своите операции во Либан. Франција бара сите да ги почитуваат своите обврски долж Сината линија“, рече Макрон во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Макрон истакна дека Франција ќе преземе чекори за да се погрижи дипломатскиот глас да се слушне, бидејќи е „неопходно“ да се заштитат цивилите и да се спречи ширењето на конфликтот во регионот.

„Не може да има војна во Либан. Затоа го повикуваме Израел да ја запре оваа ескалација во Либан и Хезболах да престане да лансира ракети кон Израел. Ги повикуваме сите оние кои им даваат средства да ги спречат да го прават тоа“, истакна Макрон.

Израел започна бранови смртоносни воздушни напади врз Либан од понеделник наутро во кои се убиени речиси 610 луѓе, а повеќе од 2.000 се ранети, објавија либанските здравствени власти.

Прекуграничните судири меѓу Израел и либанската група Хезболах започнаа по израелската офанзива на Појасот Газа, во која досега израелската армија уби околу 41.500 Палестинци, главно жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на Вања, негов впечаток е дека полицијата не се ангажирала

Следно

Вардар поразен од Силекс

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop