Македонско друштво „Илинден“ – Тирана против затворањето на матичната канцеларија во Острени, Голо Брдо

February 25, 2026
1 min read

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцелариа во административната единица Острени, областа Голо Брдо.

Преместувањето на матичната служба од административната единица Острени во општина Булќиза ги принудува жителите на областа Голо Брдо да патуваат до градот Булќиза за секоја минимална потреба.

За илјадници жители на оддалечените села во областа Голо Брдо, патувањето до Булќиза не е само процедура, туку физички и економски предизвик. Во тешки временски услови, ова патување станува речиси невозможно.

Добивањето извод или друга основна услуга ќе бара дополнително време и трошоци, што ќе го направи животот во овие области уште понеприфатлив.

Со отстранување на администрацијата од луѓето, државата практично го напушта областа Голо Брдо, што го отежнува постоењето на Македонското национално малцинство, поттикнувајќи го заминувањето на семејствата.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата и од општина Булќиза, во административната единица Острени, да воспостават матична служба за административните единици Острен и Требиште.

Областа Голо Брдо е планински регион со посебни географски карактеристики и лоша инфраструктура; оваа одлука е директен удар врз жителите на Голо Брдо.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана останува посветено на заштитата на правата на Македонците во Република Албанија и предупредува дека ќе ги искористи сите законски и демократски патишта за да се спречи оваа административна изолација.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Фатри Фетаху, Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН : Паника во ДУИ поради информациите што ги има Груби

Следно

Николоски со добра вест: 22 нови авио-рути за Европа

Latest from Blog

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на
Go toTop