Македонските кошаркари ја совладаа Полска во евроквалификациите

February 26, 2024
1 min read

Македонската машка кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа во вториот натпревар од квалификациската група Х за пласман на Европското првенство 2025, откако вечерва триумфираше на гостински терен над Полска со 96-71 (25-16, 22-22, 22-12,27-21).

До премиерниот триумф во евроквалификациите македонската репрезентација на паркетот во Арената „Арцелор Митал Парк“ во Сосновиец ја предводеа Ненад Димитријевиќ со 32 поени и Итан Хап, кој натпреварот го заврши со 19 поени.

Полска на средина од првата четвртина имаше предност од 14-10, кога македонските кошаркари заиграа агресивно во одбраната, а ефикасно во нападот и со серија од 11-0 го презедоа водството кое во првиот дел достигна највисоки +13 (29-16).

Избраниците на селекторот Александар Јончевски продолжија во ист стил и во третата четвртина која ја решија во своја корист со 22-12 и во последниот период од натпреварот влегоа со предност од +19 поени (69-50).

Домаќинот ја отвори четвртата четвртина со серија од 7-0 и се приближи на 69-57, но Македонците возвратија со десет последователни поени и ги решија сите дилеми околу конечниот исход.

Во вториот вечерашен дуел во групата Х, Естонија ја совлада Литванија на домашен терен со 65-59.

Естонија води на табелата со 4 бодови, пред Македонија и Литванија со по 3, а Полска е последна без бодови во групата од која пласман на Евробаскетот 2025 ќе обезбедат двете првопласирани селекции.

Воведниот февруарски циклус во евроквалификациите избраниците на Јончевски го завршија со победа и пораз, откако во првото коло во петокот во Скопје беа поразени од Естонија со 69-74, а настапот во групата Х ќе го продолжат наесен кога претстојат дуелите против Литванија, на 21 ноември на домашен и на 24 ноември на гостински терен.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео

Следно

КАМИЛА УКРАЛА ЕДНА РАБОТА ОД КРАЛСКАТА ПАЛАТА НА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ: Тие ја поканиле во својот дом, а таа им се одолжила со кражба од неколку стотини фунти! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop