Македонските домаќинки не бараат работа

October 30, 2024
1 min read

Алармантна е бројката на невработени жени во државата.  Резултатите од анализата на Институтот за економски истражувања и политики, „Фајнанс тинк“ покажува дека околу 250.000 жени во Македонија се домаќинки и се надвор од пазарот на труд. Причини за тоа се ограничена поддршка за детска грижа, домашни обврски, недостапност на флексибилни работни места и културни бариери. Вредноста на работата на домаќинките е проценета на 8 отсто од БДП. Неплатениот труд на домаќинките ако се претвори во пари изнесува над милијарда евра годишно.

Анализата на Институтот за економски истражувања и политики, „Фајнанс тинк“ покажува дека секоја втора работоспособна жена не е вработена и не бара работа, и дека тоа пред се се должи на ограничената поддршка за детска грижа, недостапност на флексибилни работни аранжмани, културни бариери и домашни обврски.

Во анализата уште пишува дека ваквата ситуација води до неисполнет економски потенцијал, што негативно влијае врз економскиот раст и продуктивноста.

Според последните податоци објавени од Агенцијта за вработување, невработени се 51.874 жени, наспроти 47.268 невработени мажи.

Меѓу невработените лица, најбројни се оние со завршено средно образование.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

КК Пелистер пораззен во АБА2 лигата од тимот на Џокер

Следно

Руди Геј ја заврши играчката НБА кариера

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop