МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ бара Македонија итно да расчисти со комунизмот и верскиот радикализам за да ја зачуваме државноста

January 15, 2026
1 min read

Губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна и потенцијално смртоносна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија и македонскиот народ. За мала држава во чувствителен геополитички регион, ваквото нарушување на односите со клучниот стратешки сојузник значи институционална изолација, економска несигурност и директно слабеење на националната безбедност.

Фактот што Македонија е ставена на иста листа со држави како Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал. Тоа не е случајност, туку последица на долгогодишна толеранција, па дури и институционална пасивност кон два опасни феномени: растечкиот верски радикализам на македонска територија и широко распространетото прокомунистичко и антизападно однесување и наратив во јавниот простор.

Овие појави се директно спротивни на вредностите на НАТО, на западната цивилизација и на принципите врз кои се темели стратешкото партнерство со САД. Потребни се итни, проактивни и недвосмислени државни мерки, без калкулации и без идеолошки страв:

 

  • Забрана на носење бурки и верски манифестации во сите јавни институции, во име на безбедноста, секуларноста и јавниот ред;
  • Донесување посебен закон за спречување и санкционирање на верскиот радикализам;
  • Донесување закон за забрана на комунистичката идеологија, нејзините симболи и тоталитарното наследство, како идеологија која историски и суштински е спротивна на слободата, демократијата и западниот вредносен систем.

Паралелно со внатрешните реформи, Република Македонија мора да упати формален и аргументиран приговор до Соединетите Американски Држави за штетите предизвикани со ставањето на земјата на ваква листа. Како полноправна членка на НАТО, Македонија има право да се повика на Договорот за стратешко партнерство, со јасно барање истиот да се почитува и земјата веднаш да биде отстранета од таа листа.

Македонија мора да избере, или ќе биде јасен и вредносно усогласен сојузник на САД, или ќе продолжи да тоне во сива зона на радикализам, идеолошки анахронизам и меѓународна недоверба. Среден пат, нема.

Соопштение за јавноста од Македонски Концепт

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

Следно

За конструктивната лидерска средба и неконструктивниот СДСМ

Latest from Blog

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше наведен како прв демонстрант во Иран кој ја доби најстрогата казна од

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска официјално објави дека Оне Македонија, подружница на 4иГ Групацијата (4iG Group), е избрана за победник на националниот тендер за доделување 5G спектар во Северна Македонија. Оваа

Арбелоа по елиминацијата во Купот: Јас сум виновен за поразот, но веќе размислувам на Ла Лига и ЛШ

фото: Real Madrid C.F. (X) Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, на прес-конференцијата по шокантната елиминација од Купот на Шпанија и поразот од Албасете (2:3) во 1/8-финалниот натпревар од Купот на Шпанија
Go toTop