Македонски и грчки научници на трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“

April 11, 2025
1 min read

Во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” денеска и утре во Скопје се одржува Научна трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“.

Трибината, на која учествуваат научници, лингвисти и македонисти од Северна Македонија и Грција, е резултат на континуитет на соработката на Филолошкиот факултет при УКИМ и  Катедрата за словенски, балкански и ориентални јазици од Универзитетот Македонија во Солун, која беше воспоставена на крајот од минатата година кога во Солун се одржа конференцијата „Перспективите на културната соработа: Македонскиот јазик“.

На почетокот на научната конференција денеска во Скопје се обратија деканот Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ Владимир Мартиновски и Јоанис Манос во име на Катедрата за словенски, балкански и ориентални јазици од Универзитетот Македонија во Солун, кој зборуваше на македонски јазик.

Панелите на конференцијата денеска се организирани според темите „Книжевниот превод од грчки на македонски и од македонски на грчки“, „Јазични и културни интерференции преку преводот“ и „Интеркултурните преводи како минување граници“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажна тревога за пожар во Дајмонд мол во Скопје

Следно

Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop