Македонската партија во Албанија се повлече од предизборната коалиција предводена од Бериша

March 12, 2025
1 min read

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се изјаснила дека се повлекува од изборната коалиција „Алијаса за величествена Албанија“ предводена од опозициската Демократска партија на Сали Бериша.

Според потпретседателот на партијата, Ендрит Фетаху, не бил испочитуван договорот во рамките на коалицијата.

-Доставивме барање до Централната изборна комисија да не избрише од коалицијата. Тоа од причина што не беше испочитуван договорот наши претставници да бидат на отворените кандидатски листи. Наша цел не е бидеме само декор во некоја коалиција, туку силен политички субјект кој ќе има свој претставник во новиот албански законодавен дом, информирал Фетаху во изјава за МИА.

Според него имаат интензивни преговори со друг политички субјект, со кој треба да се обезбеди застапеност на кандидати на МАЕИ во отворените кандидатски листи, но сакаше да открие за кој политички субјект станува збор.

Васил Стерјовски, претседателот на партијата, претходно информира дека поднеле барање до Централната изборна комисија, со потребната документација, да бидат пријавени.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски: Сакаме да им дадеме шанса на многу млади луѓе да бидат дел од нашето НАТО семејство

Следно

УНАЗАДЕН Е СТАТУСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЈАВНАТА УПОТРЕБА, МОРА ИТНО ДА СЕ ФОРМИРА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ, РЕКОА ЛИНГВИСТИТЕ ВО МАНУ

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop