„Македоника литера“ објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин „Бели мугри“

June 2, 2025
1 min read

„Македоника литера“ деновиве објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин „Бели мугри“.

Книгата, во тираж од 400 примероци, колку што било печатено и оригиналното издание во 1939 година во Самобор, Хрватска, беше публикувана по иницијатива, со поддршка и како подарок од академик Горан Калоѓера од Хрватска, за македонските читатели и почитувачи на делото на Рацин.

Горан Калоѓера е рацинолог, македонист и пријател на Македонија, автор на 25 македонистички книги, меѓу кои и две за Кочо Рацин. Со овој гест тој ја покажа својата посветеност на Рацин, на македонистиката и својата почит и пријателство спрема Македонија.

Целиот тираж беше подарен за неполни 30 часа по информацијата на социјалните мрежи дека од печат излегува фототип на „Бели мугри“ и дека 400 примероци ќе бидат подарени преку издавачот „Македоника литера“. Ваквиот голем интерес покажува дека, и покрај многуте изданија на оваа култна книга на Рацин, која е една од најпечатените книги на македонски јазик, таа и натаму е многу популарна кај македонските читатели и дека е голема почитта за Рацин во Македонија. Поради големиот интерес, „Македоника литера“ деновиве ќе отпечати дополнителен тираж кој ќе биде достапен за продажба.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алармантни податоци на Евростат: 24,2% од ДЕЦАТА во ЕУ изложени на СИРОМАШТИЈА!

Следно

И Бобан Стефковски влегува во трката за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop