МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА МОЛЧЕШЕ НАЈГЛАСНО: Собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

March 18, 2025
4 mins read

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти.

Создавајќи ѕвездено небо присутните изразија сочувство и заедништво.

Низ разни транспарентите граѓаните го искажаа својот револт и повик на одговорност.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што избувна за време на настапот на музичкиот бенд „ДНК“ на 16 март загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Одговорност побараа кавадарчани на градскиот плоштад, оддавајќи почит кон загинатите во дискотеката во Кочани. Цвеќе и пораки испишани на транспаренти, се оставаат на споменикот на градскиот плоштад.

– Излегоа да слават, не да ги оплакуваме. Тие гореа, институциите замижаа. Празни чевли, полни гробишта, доста беше. До кога вака? Одговорност. Солзите се зборови што срцето не може да ги изговори. Оганот се уште гори во нас – се пораките оставени со многу емоции.

Убиство на младината е убиство на иднината, порачаа кавадарчани.

– Пепел сме за вас, но оган сме за правдата. Денес Кочани, утре кој – е испишано на еден од транспарентите.

Заедно со почитта кон загинатите, се изразува и поддршка кон нивните најблиски и повредените и нивните семејства.

И граѓаните на Делчево вечерва се солидаризираа со настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со палење свеќи во Градскиот парк, тие ја изразија својата почит кон загинатите во Кочани, а воедно упатија молитви кон повредените посакувајки им поскоро оздравување.

Во Делчево во текот на вчерашниот ден беше отворена и Книга на жалост во црквата Св. Кирил и Методиј, а од страна на свештенството беа отслужени mолитви за покојните и потоа молитви за повредените за нивно побрзо опоравување.

Сочувство до загинатите од несреќата во Кочани претходно изразија и жителите на Берово и Пехчево.

Во Македонска Каменица граѓаните оддадоа почит кон својата сограѓанка Кети Милковска како и останатите кои ги загубија животитите во катастрофалната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Битолчани со свеќа и цвеќе оддадоа почит на загинатите лица во Кочани и изразија протест против институциите што не успеаја да спречат трагедијата.

Поворката почна од плоштадот Магнолија, насобраниот народ се движеше по Широк Сокак, до битолскиот Офицерски дом каде кон небото беа пуштени црни балони.

-Македонија тагува, трагедија која нема да се заборави, но не смееме да дозволиме да се повтори. Деца умираат, луѓе страдаат и бараат лек, а болниците не се подготвени за вакви масовни несреќи. Здравството е ужасно, а возилата за итна медицинска помош се бројат на прсти. Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата. Сите си заминуваат, а ние што останавме тука умираме еден по еден бидејќи државата не” заборави. Ние ќе се бориме за правда, изјави Леонардо Соколов, член на организацискиот тим на собирот во Битола.

Учесниците на собирот побараа корупцијата да се искорени од сите институции.

Неколку стотини млади луѓе, средношколци и граѓани на Крива Паланка вечерва во име на жртвите во Кочани се собраа тргнувајќи од градскиот парк, низ главната улица во градот, сѐ до зградата на општината на плоштадот „Карпошово востание“ каде што од вчера со палење свеќи на иницијатива на Советот на младите, се оддава почит на жртвите од трагедијата во Кочани.

Пред општината со шеснаесет минутен молк симболично, во знак на кобниот датум на пожарот, присутните на собирот им оддадоа почит на жртвите од трагедијата, по што запалија свеќи и се помолија за повредените, сместени на скопските клиники и во здравствените установи ширум Европа, со молитва за нивно побрзо закрепнување.

Младите иницијатори потенцираа дека само гласно го искажуваат револтот против несовесните и стравот од неизвесноста за нивната иднина.

Велат, навистина ни е страв, и ние одиме во разни локали за кои не знаеме дали се целосно безбедни и сигурни.

Порачувајќи дека ќе бидат во тек со случувањата и активностите на нивните врсници ширум државата, мирно се разотидоа.

На собирот беше видно присуството и на повозрасни граѓани кои не можеа да ја скријат тагата од несреќата што ја завитка во црно целата држава.

Со собир одбележан со молк, палење свеќи и потпишување во книгата на жалост вечерва на Градскиот плоштад во Струмица голем број граѓани им оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани, но и на струмичанецот Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која трагичната вечер имаше концерт во дискотеката „Пулс“.

Со пароли во рацете младите испратија порка до институциите државата да функционира, а системот да биде без корупција.

Освен во Струмица, собири со молк и палење свеќи се одржаа во Валандово и Гевгелија.

Во Паркот на Револуцијата во Кочани вечерва се одржаа два собира на кои присуствуваа голем број граѓани и роднини на настраданите во трагичниот пожар. Првиот собир, под мотото „Слобода за нашите херои“, се фокусираше на барањето за ослободување на притворените лица од обезбедувањето во дискотеката, кои учествувале во спасувањето на повредените. Вториот собир, предводен од митрополитот брегалнички Иларион, беше посветен на молитва за спокој на душите на загинатите и побрзо оздравување на повредените.

Кумановци, пред сè млади се собраа вечерва на градскиот плоштад да им оддадат почит на загинатите во пожарот во Кочани. Граѓаните запалија свеќи пред фотографиите на починатите.

Дел од младите носеа транспарентни со кои направија обиколка на главните градски улици, булеварот „Трета МУБ“, улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“, извикувајќи „Правда за Кочани“, „Доста е корупција“, „Правда за Македонија“.

Дел од нив преку транспарентните ја искажаа својата тага, но и побараа и одговорност од надлежните институции за овој трагичен настан.

Кумановци и вчера мирно се собраа на градскиот плоштад, каде одадоа почит на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените.

Во тишина, со транспарентот „Доста е“ на кој беа испишани имињата на петмината штипјани загинати во дискотеката во Кочани, како и датумите на сите големи несреќи во земјава вечерва се одржа собир во Штип.

Штипјани со длабока тага во потполна тишина им одадоа почит на загинатите.

Роднини, другари, другарки, граѓани се собраа на Градскиот плоштад „Слобода“, а потоа во поворка одеа низ улиците на Штип, поминувајќи покрај соборниот храм „Свети Никола“, каде што биеше и камбаната, по што по улицата покрај кејот на река Брегалница поворно се вратија на Градскиот плоштад „Слобода“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

И во Куманово собир – граѓаните порачаа: Корупцијата почна да не убива, доста е!

Следно

Почина момче по алергиска реакција на лек кој му бил даден во болница во Куманово

Latest from Blog

ПСЖ сака да му понуди на Јамал рекорден договор

 Раководството на Пари Сен-Жермен продолжува да се интересира за крилниот напаѓач на Барселона, Ламине Јамал. „Ел Национал“ објави дека парижаните се обидуваат да го убедат 17-годишниот Шпанец да не го продолжува договорот

Таравари се огласи откако 32-годишник почина во кумановската болница

Министерот за здравство, Арбен Таравари утрово се огласи откако во болницата во Куманово починал 32-годишник. Како што наведува министерот, постои револт кај семејството на Ведат Адеми и обвинуваат за лекарска грешка. -Јас

Вистински студ на последниот ден од зимата, измерена температура од -13 степени утрово во земјава

Македонија утрово се разбуди во студ, на последниот ден од зимата. На Попова Шапка утрово беа измерени неверојатни -13 степени. Во Крушево и Маврово беше -10 степени, додека во Берово, Битола и

Таравари од Софија: Бугарскиот министер за здравство Кирилов беше првиот кој ми се јави

Министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министрите за здравство и за надворешни работи на Бугарија Силви Кирилов и Георг Георгиев, беа во посета на
Go toTop