Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции, па на најновото рангирање на ФИФА е на 71-вото место. Нашите фудбалери забележаа четири порази во Лигата на нации во септемвриско-октомврискиот прозорец и јасно е дека токму тоа причината за полошиот пласман.
Двапати загубивме од Швајцарија и по еднаш од Словенија и Шкотска, а тоа ни донесе околу 20 негативни поени, па 1.365,98 поени се доволни за пласман на 71-вото место.
На врвот од рангирањето нема измени. Шпанија останува лидер пред Аргентина, Франција и Англија, а единствениот нов член на топ-5 друштвото е Португалија.
Извор: sportmanija.mk


