Македонија ќе биде „земја во фокус“ на јубилејниот 30. Фестивал на европскиот филм Палиќ

July 11, 2023
1 min read

Македонија ќе биде „земја во фокус“ во рамки на јубилејниот 30. Фестивал на европскиот филм Палиќ, кој ќе се одржи од 15 до 21 јули, во Палиќ и Суботица.

Притоа ќе бидат прикажани шест филма: „Чисто човечки“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар-Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума. Филмовите ќе се проектираат во временскиот период, од 16 до 21 јули, а програмата се реализира во соработка со македонската Агенција за филм.

Европскиот филмски фестивал Палиќ е моментално еден од најважните настани во Србија, еден од најважните филмски фестивали во регионот и еден од ретките во светот со 100-процентна европска содржина. Фестивалот има за цел да ги претстави најквалитетните достигнувања на современата европска кинематографија и да ја негува традицијата на авторскиот и уметничкиот филм со цел да придонесе за културниот живот на целиот регион. На овогодишното издание на фестивалот се очекуваат над 150 филмски професионалци од Србија и од странство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одлични 0:0 на Струга ТЛ во Вилнус против Жалгирис

Следно

(ВИДЕО) Метеорит падна во Бугарија, граѓаните исплашени од силната експлозија и светлина

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop