Македонија и Бугарија влетаа во уште една слепа улица – Коридорот 8

July 29, 2024
1 min read

Скопје и Софија во слепа улица – Коридорот 8 наместо поврзување, нов проблем.

Откако бугарската влада порача дека е вознемирена од изјавите на македонската влада, за пренасочување на европските средства за изградба на пругата кон Бугарија, премиерот Мицкоски, изјави дека станува збор за инженерски проблем и дека жали што Бугарија за внатрешно – политички потреби, прави политика, место да покаже проект од бугарската страна.

– Тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра, пари како кредит или од буџетот, практично граѓаните и 200 милиони пари на европските даночни обврзници за 24 километри, 22 тунели, кои што ќе завршат на пола тунел во слепа улица, без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна. Бидејки таму нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи. Велиме, дајте да го видиме проектот од бугарска страна. Нема. – изјави Мицкоски.

Официјална Софија денеска порача дека Коридорот 8 е транспортен проект кој е дел од Договорот за добрососедство и дека со вознемиреност се следат изјавите на официјалните македонски политичари, кои според бугарската влада, се насочени кон кршење на меѓународните обврски на инфраструктурно поврзување.

– Коридорот 8 е дел од Договорот за добрососедство од 2017 година, како и во неговите протоколи од 2019 и 2022 година. Меморандумот за разбирање меѓу Албанија, Бугарија и Северна Македонија од октомври 2021 година, заедничката декларација на Албанија, Бугарија, Италија и Северна Македонија од ноември 2023 година, декларациите од Самитот на НАТО од јули 2024 година итн. – велат од Владата на Република Бугарија.

Пред два дена специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, изјави, дека Коридорот 8 е од стратегиско значење за регионот. Според Сарацин, новата влада во Скопје изминатава недела покажала дека е изгубен интерес за негово спроведување. Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел најави одмазда по ракетниот напад на Голанската висорамнина

Следно

Во јужна Европа ќе се живее најдолго

Latest from Blog

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop