Македонија форсира дигитална настава, но Шведска ги враќа книгите и тетратките

February 25, 2024
1 min read

Учењето од книги и тетратки е единствениот начин за правилно учење, особено кај децата од основното образование, вели професорот Авзи Мустафа. Според него, секоја лекција научена од книга останува запечатена во меморијата. И покрај технолошкиот развој не постои алатка и процес што може да го замени класичното учење, вели Мустафа.

„Лекцијата која се бара да се научи преку книги, а не преку компјутер, влијае врз учениците, им се запечатува во меморијата за никогаш да не биде заборавена бидејќи ученикот, мора да ја направи своја сопственост. Ова преку дигитализираните средства, не влијае врз меморијата на ученикот. Книгата постоела, ќе постои и во иднина и нема алатка што може да ја замени“, рече Авзи Мустафа, професор.

Додека С Македонија се обидува да го дигитализира процесот на учење, Шведска го прави спротивното. Во училиштата ги враќа книгите и тетратките. Четвртоодделенците кои за првпат се среќаваат со учебници по математика веќе забележале позитивна разлика.

„Има повеќе описи. Тоа го немавме на лаптоп и можеби е потешко затоа што сега треба да читате сами, порано компјутерот на глас ни ги читаше задачите“, изјави Ученичка од Шведска.

„Предноста е што книгата не се блокира како компјутерот, но имам тешкотии со пишувањето. Ми станува потешко затоа што сега треба да пишувам со рака“, нагласи еден Ученик од Шведска.
Наставниците во Шведска велат дека дигиталното учење влијаело врз учениците на различни начини.

„Учениците читаат побавно, имаат послаб речник и помалку го разбираат она што го читаат. Мислиме дека тоа е затоа што досега сè правевме многу дигитално“, рече Учител од Шведска.

Шведска долго време се сметаше како модел за дигитална настава. Сепак, минатата година шведското Министерство за образование предложи да се вратат класичните книги и тетратки бидејќи само дигиталното учење донело послаби резултати./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Над 31 илјади украински војници убиени во војната

Следно

Државниот врв утре ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Latest from Blog

Почина легендата на Интер, Еваристо Бекалоси

На 69. годишна возраст почина легендарниот играч на тимот на Интер, Еваристо Бекалоси. Неговата здравствена состојба беше проблематична повеќе од една година откако доживеа удар во 2025 година. Тој ја има започнато

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 порасна за 0,09%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека

Божиновска: Интрадеј пазарот е клучен чекор кон зелена и конкурентна енергетика

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на

ВЛЕН: Редот во Чаир ги нервира партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица

Скопје, 6 мај 2026 – Коалицијата ВЛЕН денеска излезе со остро соопштение во кое ја обвинува Демократската унија за интеграција (ДУИ) за, како што велат, „рециклирање на стари политички наративи“ и неспособност
Go toTop