Македонец ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024

June 12, 2024
1 min read

Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски, ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024 кое ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

Како што денеска соопшти ФФМ, Поповски е одреден за делегат на трите натпревари од групната фаза кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: меѓу Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија и, Холандија – Австрија, како и осминафиналето, четвртфиналето и големото финале на 14. јули 2024.

Паралелно со ова во организација на ЕВРО2024 вклучен уште еден претставник на ФФМ, фитнес тренерот Сашо Даневски.

Даневски веќе три седмици е во Франкфурт каде работи со делегираните судии за Европското првенство, а воедно беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лига на шампиони и Лига Европа.

„Ова признание и улогата која им е доделена на Филип Поповски и Сашо Даневски ја истакнува стручноста, посветеноста и професионализмот во нашата федерација. Во улога на делегати на мечевите во организација на УЕФА, нашите претставници и досега ги одржуваа највисоките стандарди на организација и ефикасност на натпреварите. Дополнително, нашите фитнес тренери работат со судиите за да се осигурат дека тие се во врвна физичка кондиција, што е клучно за одржување на брзиот и напорен карактер на турнирот“, соопшти ФФМ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлотен бран: Зголемен бројот на повици за брза помош

Следно

Голема тага во семејството на Амиџиќ, неговата сопруга остана без важна личност

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop