МАЈКАМИ САКАШЕ ДА БИДЕ ГЛАВНА, МИ ЈА УПРОПАСТИ СВАДБАТА и ме понижи пред сите

January 21, 2026
2 mins read

„Наместо за првпат да имам романтичен танц со сопругата, мајка ми ме пречека и танцуваше непристојно со мене“ – обвинува Бруклин Бекам, кој во долга објава се обиде да појасни зошто се влошиле односите со неговите родители.

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам во понеделникот (19.01) даде шокантна изјава во која ги образложи сите причини заради кои не постои можност да се поправат односите со неговите родители.

Во изјавата споделена на Инстаграм Стори, се обиде да ја каже вистината за сите лаги што неговите родители наводно ги објавиле во медиумите за него и за неговата сопруга Никола Пелц.

Во изјавата Бруклин ги обвини родителите дека се обиделе да му го саботираат бракот со Никола Пелц, и вели дека претрпеле голем број напади, како приватно, така и јавно, пришто „Брендот Бекам“ им бил поважен од семејните вредности.

„Цел живот, моите ги контролираа наративите во медиумите за нашето семејство, креирајќи објави на социјалните медиуми, семејни настани и нереални семејни односи… Неодамна видов со мои очи до кој степен се подготвени да одат за да пласираат лаги во медиумите, најчесто на штета на невини луѓе, за да ја сочуваат сопствената фасада“ – пишува Бруклин.

Како што нагласи, односите се влошиле уште пред да стапи во брак со Никола, а причината за тоа била што тој одбил да им го даде правото на неговите родители и понатаму да го користат неговото име.

Тоа што тој не прифатил, наводно, им ги намалило приходите и заради тоа нивните односи се влошиле.

Вечерта пред свадбата родителите му рекле дека неговата сопруга не му е крв и не е семејство.

Дополнително, ја обвини мајка му дека му ја уништила свадбата, првично затоа што не ѝ се допаднало тоа што Никола не сакала да носи венчаница со нејзиниот потпис, а работите дополнително кулминирале за време на свадбата, кога поранешната членка на Spice Girls го украла првиот танц.

„Марк Ентони ме викна на сцената, каде што според распоредот требаше да го имам првиот романтичен танц со сопругата, но наместо неа, мајка ми ме чекаше таму. Таа танцуваше непристојно со мене пред сите. Никогаш не сум се чувствувал попонижено во мојот живот. Сакавме да ги обновиме заветите затоа што сакавме да создадеме нови спомени од нашата свадба, а не анксиозност и срам“ – пишува Бруклин.

Бруклин понатаму објаснува, дека спротивно од тоа што го споделуваат во медиумите, Викторија и Дејвид во повеќе наврати избегнувале средба со најстариот син и снаата, а во една пригода дури и му рекле дека тој може да дојде на роденденот на татко му, но дека неговата сопруга е непожелна.

„Не сакам да се помирам со моето семејство. Никој не ме контролира, туку јас за првпат застанувам во одбрана на сопствените права. Целиот мој живот, моите родители го контролираа наративот во медиумите за моето семејство“ – нагласи Бруклин.

Инаку, за потсетување, Бруклин и Никола стапија во брак во април 2022 година, по што почнаа јавните превирања меѓу Бекамови и Никола Пелц.

Во еден период се чинеше дека семејството конечно ќе се помири, но како што пишува PageSix, повикувајќи се на извори блиски до Бруклин Бекам, веќе е доцна за семејството да ги подобри односите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британец заработува 30.000 евра годишно од чистење кучешки измет (ВИДЕО)

Следно

Шилегов: Конгресот на СДСМ е верификација на нивните неуспешни политики

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop