Мајка монструм од Гостивар: Ги снимала децата додека ги силувале

July 28, 2025
1 min read

Рацин.мк разговараше со свои извори во Обвинителството кои побараа да бидат анонимни. Во изјавата ни соопштија дека најверојатно станува збор за можен педофилски прстен. Сопругот ги препродавал видеата на клиенти во Италија кои понатаму истите ги продавале на заинтересирани клиенти во Белгија и Германија. Постои можност за проширување на истрагата во меѓународни рамки.

Македонија е во шок по денешната информација дека Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години.

Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар во Грција на место каде што летуваат многу МАКЕДОНЦИ

Следно

Арачиново чека асфалт – атмосферската канализација е поставена, но патиштата останаа уништени

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop