Унгарскиот политичар и лидер на опозицијата, Петар Маѓар, упати остра порака до поранешниот македонски премиер Никола Груевски, најавувајќи радикална промена во политиката на азил доколку дојде на власт. Маѓар во својот последен јавен настап беше дециден дека Унгарија под негово водство ќе престане да ги штити странските политичари со криминално досие.
„Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, кој исто така е осуденик“, изјави Петер Маѓар во разговар со новинарите еден ден откако убедливо го победи Виктор Орбан, на изборите во Унгарија, во видео објавено од Ројтерс.
Извор: zurnal.mk


