„Маалскиот фестивал“ и денеска и утре е место што не се пропушта

September 28, 2024
3 mins read

Во организација на КСП „Центар – Јадро“, во центарот и во Парк на Франкофонија официјално започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“.

Сончевиот петок беше одличен за маалска дружба.

Во текот во денот, во Парк во Франкофонија  активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела.

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски” – Центар, Скопје заедно со уметникот Доротеј Нешовски ги цртаа омилените анимирани херои, создавајќи џиновски сложувалки кои ги разигруваат маалските улици.

А во друг дел на маалото, учениците од Општинско основно училиште „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје беа на прошетка со Oрганизацијата за промоција на женската активност „Тиииит.Инк“, па преку архитектурата и јавната уметност се запознаа со делата и приказните за македонските жени кои оставиле печат врз историјата.

Истовремено, во Мобилна / Монтажна Галерија, активистот Никола Писарев заедно со други уметници пополека ја обновуваше јавната опрема, за поубаво маало со „све и свашта“.

Третото издание на Маалски фестивал официјално  се отвори со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“.

Веќе 5 години под заедничката замисла „Културата како јавно добро“ во КСП Центар – Јадро се запознаваат, активно дејствуваат и се инспирираат уметниците, културните работници, локалната заедница и публиката.

На отворањето се обратија основачката на Јадро Асоцијацијата на независната кѕултурна сцена Искра Гешоска, актуерлниот претседател на Јадро Асоцијација Артан Садику и првата директорка на КСП „Центар – Јадро“, Јасмина Билаловиќ.

Гешоска посочи дека највредно од оваа приказна е заедништвото и упорноста да се промени концептот во политичкиот систем во којшто навистина ќе бидат рамноправни оние што се креатори на политички одлуки и граѓанскиот сектор.

„Би  инсистирала да не се заборави зошто толку макотрпно се боревме за да се создаде оваа приказна, а тоа е заедништвото. Не беше едноставно, ни беше збунувачки, се конфронтиравме меѓусебно, ама пак тоа е заедницата, за такви заедници сонуваме.  Коишто ќе се конфронтираат, а сепак ќе произведуваат нови наративи. Мислам дека изведовме еден поинаков наратив, а мисијата сега треба да ни биде да го одржиме. Ќе видиме како тоа ќе оди понатаму, но сега за сега мислам дека функционира“, истакна таа.

Садику се осврна на неколкуте обиди за вклучување на Асоцијацијата во процесите на креирање на новиот Закон за култура, притоа нагласувајќи дека како што се комплицираат политичките и економските услови во државата, регионот и на меѓународно ниво, првата жртва врз која паѓа товарот е секогаш културата. 

„Едиствено нешто што мене да ми дава поттик е дека ние уште постоиме како Асоцијација на доста активни членки кои итекако имаат знаење, искуство и мотив за да продолжат да ја држат оваа сцена во живот, па понатаму и да ја развијат, бидејќи само со таква сцена општеството ќе има поприсутна култура која е критичка за разлика од култуирата која е детерминирана од страна на власта. Сакам да им се заблагодарам за сите членки на Јадро за нивниот интерес кои индувидуално допринесува за одрѓување или за развивање на незавинста културна сцена“, истакна Садику.

Првата директорка на КСП „Центар – Јадро“, Јасмина Билаловиќ се осврна на почетоците на Центарот и сите предизвици кои биле надминати.

„Сакам да му посакам на Јадро среќен петти роденден, да има долг век и да се развива во согласност со потребите на независната културна сцена. Јадро отсекогаш ги следи и ќе се адаптира на современите начини на функционирање. Уште од самиот старт на 2019 година, голем број од стратешките цели на Јадро беа погодени од пандемијата, но тоа не спречи приказната да се развива“, заокружи Билаловиќ.

Првиот ден беше заокружен со маалска журка во Парк на Франкофонија со музичари од Колективот „Гола Планина“.

Маалската музичка програма го отвори џез дуото Филип Букршлиев Филип и Благојче Томевски, две типични џезерски полу-тетки и препродавачи на половни возила затскриени зад музичките инструменти кои што случајно ги зеле во рака.

Продолживме со „спонтан“ мешан состав на музичари од повеќе бендови. Квартетот Спировски/Новковски/Танасковски/Џорлев не размрда со спонтана колективна импровизација која можеби ќе се движи меѓу џез, рокенрол, ноиз и амбиентална музика.

На крај од првиот ден на Маалски фестивал настапи бендот „Мојра“ – обликоменлива грива од преливачки набојни нишки и древни нервни завршетоци.

Денешниот, втор ден од Маалски, ќе го заокружиме со џез и филмски проекции. Аматерскиот џез хор „Артисан“ и џез партитурите со испреплетени хармонии ќе ја разиграат улицата Алберт Ајнштајн и маалото, со својот настап во КСП „Центар – Јадро“ кој ќе започне во 19 и 30 часот.

За крај, се враќаме во минатото со филмски проекции. На селекцијата „Рани трудови“, која ќе се одржи во КСП „Центар Јадро“, со почеток во 20 часот ќе бидат проектирани (ретро) студентски филмови. Сега веќе етаблираните режисери – Јане Алтипармаков и Филип Херин, ќе нѐ вратат во минатото со проекции на нивните кратки студентски филмови „ГЕТО 103“ и  „ОГЛЕДАЛО“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хезболах ја потврди смртта на својот лидер Хасан Насралах

Следно

Илјадници Либанци бегаат за Сирија поради израелските воздушни напади

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop