Илјадници Либанци бегаат за Сирија поради израелските воздушни напади

September 28, 2024
1 min read

ДАМАСК (АА) – Израелските воздушни напади врз Либан поттикнаа масовна миграција на илјадници луѓе кои бегаат во Сирија, земја која веќе е уништена од повеќегодишната војна, јавува Анадолу.

Според локални извори, над 5.000 либански семејства, меѓу кои и членови на Хезболах и нивни роднини, преминале во Сирија од почетокот на израелските напади на 23 септември.

Раселените семејства се населуваат во селата околу Дамаск, Алепо, Хомс и Хама, области кои беа жестоко бомбардирани и главно напуштени поради долгогодишните борби под режимот на Асад.

Локалните комитети поврзани со Хезболах во Сирија, наводно, помагаат за засолнување на новодојдените. Првично сместени во привремени засолништа, семејствата постепено се префрлаат во селата опустошени од војната.

– „Одиме во Дамаск“ –

Хусеин Али, Либанец кој избега од нападите, за Анадолу говореше за влошените услови во јужен Либан: „Веќе не можете да живеете во јужен Либан, во подрачјето на Дахије или во било кој регион со шиити. Како шиити постојано сме под напад“, рече Али. „Одиме во Дамаск каде што е побезбедно за нас. Навистина го сакаме Башар ал Асад.“

Мухамед Ферух, уште еден жител кој бега од нападите, за интензитетот на нападите во близина на неговиот дом во јужен Либан рече: „Никој од моите роднини не остана во селото. Напади околу селото има секој ден, а во првите денови имаше големи напади во центарот на селото,“ рече Ферух, и додаде дека 26 лица биле убиени на првиот ден од нападите.

Дванаесетгодишниот Таџ Сејид од Баалбек, говореше за својот страв од нападите: „Звуците (на бомбардирањето) многу ме плашат“, рече тој. „Ситуацијата во Баалбек е многу застрашувачка. Не можевме да спиеме ноќе. Сега одиме во Дамаск.“

Израел започна воздушни напади врз Либан од понеделникот во кои загинаа најмалку 1.030 лица, а 6.352 се повредени, според бројките објавени од либанското Министерство за здравство.

Од почетокот на судирите меѓу Израел и Хезболах во октомври минатата година, има 1.640 загинати, од кои 104 деца и 194 жени, додека 8.408 повредени, изјави на прес-конференција министерот за здравство на Либан, Фирас Алабијад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Маалскиот фестивал“ и денеска и утре е место што не се пропушта

Следно

Солскјер откри зошто Роналдо повторно се врати во Јунајтед

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop