Лутовска: За време на мојот мандат во Онкологија не сум добила никаква пријава за злоупотреба

October 31, 2023
2 mins read

реклама


За време на мојот мандат не сум добила ниту усна, ниту писмена пријава за злоупотреба на положба на некоја медицинска сестра давајќи физиолошки раствор, а достапна бев постојано, се прашувам зошто, рече некогашната главна медицинска сестра на клиниката за Онкологија, Маријана Лутовска пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со Клиниката за радиотерапија и онкологија.

На седницата која денеска се одржа и на која беа испрашувани и членови на надзорен одбор, поранешни директори, Луковска која во перидото од 2017 до 2022 година работела како главна сестра на Клиниката информира дека за наводите во јавноста за злоупотребата со лековите во Клиниката не била запознаена.

реклама

На прашање на пратеник дали и било сомнително тоа што во нејзиниот мандат не бил функционален стручниот колегиум кој требало да учествува во планот на набавка на лекови и доделување на терапии и тогашниот дирекотр Нино Васев сам одлучувал кој да добие терапија исклучувајќи ги сите протоколи, таа рече дека се оградува и нема да коменира нешто што не е во домен на нејзините надлежности

-Не е во  моја надлежност како главна сестра да одлучувам дали треба да биде свикан или не стручен колегиум јас како главна медицинска сестра одржувам секој ден утрински состаноци јас одговарам за работата на мединските сестри, појасни таа.

реклама

Даниела Георгиевска моментална главна сестра на Клиниката рече дека кога ја преземала функцијата немало претенциозни индиции за некој да инсистирал да биде само ноќна смена повеќе било желба на одредена група на мединцинки сестри.

-Зоштосакале да работат само ноќна смена не сум запознаена кога дојдов истите тие сакаа да продолжат ноќна смена, но јас не дозволив исти личности да одат, како што било, но тоа се коси со правила на работа, посочи таа.

реклама

Од друга страна Адријана Филиповска која била раководител на оделот за таблетарна терапија и одговорна сеста на Като системот посочи дека таа биле разрешена од функциите без образложение.

-Като сиостемот никогаш не профункционира на нашата клиника, откао бев назначена по неколку месеци заминав на породилно и по моето враќање на први мај 2018 бев разрешена од функцијата одделенска сестра, директорот не даде образложение зошто ме разрешува од функциите оделенска сестра и одговорна сестра за Като системот кој не функционираше кога се вратив слушав секакви сведочења од сестрите дека било наредено од директорот и главната сестра системот да престане да работи бидјеќи имало проблем со вентилацијата и оттогаш не функционира, раскажа Филиповска.

Таа потсети дека системот не ги подготвува лековите, туку само ја одредува потребната доза.

-Ние работевме на ист начин како и сега спремањето на лековите беше исто со тоа што като системот не е робот и не ги спрема лековите, мдицинската сестра е таа што ги спрема лековите, ние работевме провизорно со лекарски изештај залепен со магнет и по него спремавме, информира таа.

Таа детално го појасни начинот на подготовка на лекот.

-Сестрата буквално во една положба и не може да ја сменим, таа има ограничени движења во спремањето на лекот, прво таа има поставено четири пара ракавици, каде манипулациите не и се дозволени и не може да ги извршува сама. Во тој процес ни беа потребни шест до осум сестри кои мораа да се сменат на два часа, оти ниту една сестра не може да издржи подолго во таа положба, посочи таа.

Анкетната комисија продолжува со сослушување на сведоци и/или експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија продолжува утре. 

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конференција „Туркије и Балканот на 100-годишнината од Републиката: Заедничко наследство, култура и иднина“ во Скопје

Следно

Пренџов: Наша цел е како да ги внесеме Македонците во ЕУ, додека целта на власта е како Бугарите да ги внесе во македонскиот Устав

Latest from Blog

Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот. Вицепремиерот

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат

Јамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија е подготвена за најголемиот предизвик на Светското првенство, полуфиналниот дуел со Франција, а најголемиот адут на „црвената фурија“ ќе биде Ламин Јамал. Дуелот меѓу Франција и Шпанија (денеска, 21:00 часот)

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ
Go toTop