ЛШ: Челзи и зеде „мерка“ на Барса, Јуве конечно победи, Пеп се „коцкаше“ и загуби (ВИДЕО)

November 25, 2025
1 min read

Челзи ја совлада Барселона со високи 3:0 во вечерашното дерби на 5. коло во Лигата на шампионите. Лондончани покажаа повеќе желба да дојдат до победата и на крајот сосема заслужено ја остварија третата победа, нанесувајќи и го на Барселона вториот пораз во најсилното натпреварување. На првиот гол на „сините“ кој беше всушност автогол на Кунде во 27. минута, му претходеа два поништени гола за Челзи поради игра со рака и офсајд. Во вториот дел домашните со едне прекрасен гол на Естевао во 55. минута поведоа со 2:0, откако претходно Араухо заработи црвен картон кај гостите кон крајот на полувремето. Конечните 3:0 ги постави Делап со гол во 73. минута.

Пеп Гвардиола реши да се „коцка“ и загуби. На домашен терен против Баер (Л), „граѓаните“ се поразени со 0:2, откако тренерот на домашните реши мечот да го почне со речиси втор тим. Тоа не им пречеше на Германците кои преку Грималдо поведоа во првото полувреме, а во вториот дел Патрик Шик само ја „забетонира“ победата со гол за конени 0:2.

Наполи во второто полувреме успеа да дојде до победата над жилавиот Карабах. Италијанците најпрво промашија пенал во 56. минута (Хојлунд), но во 65. минута МекТоминај успеа да погоди со глава за водство од 1:0. Конечните 2:0 беа поставени преку автоголот на Јанковиќ во 72. минута.

Јувентус со многу маки успеа да ја оствари првата победа во Лигата на шампионите. Вечерва на гостувањето кај Бодо, „Старата Дама“ повторно трепереше до последните моменти на мечот. Бодо прв поведе со голот на Блумберг во 27. минута со што домашните заминаа со предност на полувреме. Јувентус вовзрати на стартот на вториот дел преку Опенда за 1:1, а потоа МекКени во 59. минута направи пресврт за 1:2. Бодо не се предаде и преку Фет во 87. минута од пенал израмни на 2:2, за сепак Дејвид во 91. минута да погоди за 2:3 и победа на Јуве.

Олимпик Марсеј со пресврт успеа да слави над Њукасл со 2:1. Гостите одиграа одлично прво полувреме во кое поведоа преку Харви Барнс, но по една глупост на голманот Поуп по само 30-тина секунди во вториот дел со својот прв гол Обамејанг израмни на 1:1. Истиот фудбалер во 50. минута повторно погоди за победа на Французите.

Борусија (Д) со два гола на Гираси и По еден на Адејеми и Свенсон го победи Виљареал со 4:0, додека во Прага на мечот меѓу Славија и Атлетик (Б) немаше погодоци.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светот има нов најнаселен град

Следно

ГОРИ познат трговски центар во Нови Сад – ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ НА ТЕРЕН

Latest from Blog

Брзо и ефикасно: Еве како да спречите замрзнување на бравите на вратите во текот на зимата

Зимските температури, снегот и влажноста често предизвикуваат замрзнување на бравите на вратите, што може да доведе до непријатни ситуации и оштетувања. Со навремена подготовка и правилно одржување, може да се избегнат повеќето

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, со положување цвеќе, им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во кругот на Полициската станица Гази Баба кои пред

Антонио Конте пикираше двајца играчи

Зимскиот преоден рок е во тек во најдобрите светски фудбалски лиги. Во повеќето од овие лиги, трансферите можат да се вршат до 2 февруари. Следете ги најинтересните вести. „Скај Спортс Италија“ објави

Во пад на авион загина познат пејач од Колумбија

Колумбискиот пејач Јеисон Хименез е меѓу шесте лица кои загинаа откако авионот со кој патуваше со своите музичари се урна и се запали во Колумбија. Јеисон Хименез и неговиот бенд патувале на концерт синоќа

Во 21 век, на чекор од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер оставени во мрак и на немилост од ЕВН

ВЕЛЕС – Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во
Go toTop