ЛШ: Барселона поразена од Монако, Атлетико се извади против Лајпциг

September 19, 2024
1 min read

Екипата на Монако со големи три бода ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите, откако на свој терен извојуваа заслужена победа над моќната Барселона од 2-1.Воедно ова беше и прв пораз на Флик на официјален натпревар на клупата на Барселона.

Домашните фудбалери одлично ја искористија бројчаната предност на теренот и пет минути по исклучувањето на Гарсија поведоа со 1-0, откако Магнес Аклиуче по одлична соло-акција го најде патот до противничката мрежа.

Сепак, задоволството на трибините не траеше долги, затоа што на сцена стапи идната голема ѕвезда на Барса, Јамин Јамал, кој со прекрасен погодок од шестнаесет метри донесе израмнување на 1-1, резултат со кој се замина на одмор.

Во воведните минути од вториот дел Барса имаше целосна контрола на теренот. Момците на Флик одлично се движеа, ја имаа топката во своите нозе, а одлична шанса имаше Рафиња. Но, гостите не можеа да го издржат тоа темпо и по подолго време тежиштето на играта се префрли на половината на Барса. Тоа донесе и нова домашна радост, откако по неуспешна офсајд стапица на шпанската одбрана нововлезениот Иленикена излезе сам пред Тер Штеген и не погреши – погоди за водство на Монако од 2-1.

Атлетико Мадрид со пресврт дојде до победа на стартот од сезоната во Лигата на шампионите триумфирајќи со 2-1 против Лајпциг во Мадрид.

Во мечот во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 83. минута од средбата на местото на Симонс, Атлетико Мадрид до победата дојде во 90. минута со голот на Хименез.

Претходно, Лајпциг уште во 4. минута дојде до водство од 0-1 со голот на Шешко, но Гризман израмни во 28 миута.

Аталанта и Арсенал одиграа натпревар без голови во Бергамо, а Брест славеше со 2-1 против Штурм. Французите до победата дојдоа со погодокот на Сима во 56. минута откако претходно Мањети ги донесе во водство од 1-0 во 23. минута, но со автоголот на Хернандез гостите израмнија во 45. минута.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Истражување: САД со најлош здравствен систем меѓу 10 најбогати земји

Следно

Слукас објави кога ќе се повлече од кошарката

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop