Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата обвини за нерегуларности

June 3, 2024
1 min read

Во Србија се одржаа локални избори во 89 градови и општини каде право на глас имаа над 4,2 милиони граѓани. Првите прелиминарни резултати објавени од ЦеСИД и ИПСОС покажаа дека Коалицијата на Српската напредна партија (СНС) најмногу гласови освоила во Белград, Нови Сад и Ниш.

Според проценките на ЦЦеСИД и ИПСОС во Белград, врз основа на 92,6 отсто од обработениот примерок, најмногу гласови освоила листата „Александар Вучиќ – Белград утре“ со 52,9 отсто од гласовите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешен лидер на СНС, прогласи победа на локалните избори. Вучиќ изјави дека СНС во Белград ќе има 62 или 63 мандати, наместо 54-те што ги освои на последните избори.

Тој додаде дека во Ниш било најтешко.

„Во Ниш, како што очекувавме, беше најтешката политичка игра. Она што е важно, народот во Ниш веројатно ќе има уште три мандати за мнозинството. Ќе биде мој предлог до претседателот на СНС да разговараме и да видиме како и на кој начин може да се решаваат проблемите во иднина, бидејќи една група граѓани освоила дури 23 проценти од гласовите. Тоа не смееме да го потцениме“, изјави Вучиќ.

Опозиција Обединети за слободен Нови Сад излезе на протест пред Новосадскиот саем, кој е логистички центар за броење гласови, каде денеска беа пријавени инциденти.

Набљудувачката мисија на „Црта“, која има свои набљудувачи на 450 избирачки места на локалните избори во Србија, евидентирала неправилности на одреден број избирачки места. Известувајќи за доцнењата во отворањето на избирачките места, купувањето гласови и таканаречениот „бугарски воз“, „Црта“ до полицијата поднесе вкупно шест кривични пријави.

Како што пишуваат српските медиуми, активисти на Српската напредна партија фрлале солзавец кон новинари, опозициски активисти и граѓани на Новосадскиот саем.

Претходно, група граѓани предводени од лидерите на опозицијата во Нови Сад ја скршиле вратата од салата во која се наоѓа кол центарот на СНС.

Обвинителството во Нови Сад најави дека итно ќе реагира на секој облик на насилство на изборите

Новосадскиот одбор на СНС потврди дека се работи за партиски кол-центар кој работел „легално и легитимно“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајк Тајсон има сериозни здравствени проблеми

Следно

Тројца загинати во судар на автомобили на наплатна рампа кај Ливорно, во италијанска Тоскана

Latest from Blog

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува
Go toTop