Локални избори 2025 – ќе бидат распишани на почетокот од август, најави Гаши

July 22, 2025
1 min read

Локалните избори ќе бидат распишани во првата декада од месец август – изјави претседателот на Собранието Африм Гаши при посетата во Тетово, заедно со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами.

„Првата декада од август ќе биде периодот кога ќе бидат распишани изборите. Ќе видиме уште малку како ќе се движи динамиката со донесувањето на законите во Собранието. Доколку има важни закони, ќе се обидеме да работиме што подолго за да стигнеме до распишувањето на изборите и да ги испочитуваме законските рокови, без да го попречиме процесот во Собранието и другите државни органи.“, вели Африм Гаши.

Актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами, беше прашан за кандидатурата на Бајрам Реџепи како негов противкандидат. Со насмевка, Касами рече дека му посакува успех.

„Не се смеам само јас, туку и многумина овде се смеат. Му посакувам успех на противкандидатот, тоа е нивна одлука. Ние немаме трка со Бајрам Реџепи – нашата трка е со одговорностите што сме ги презеле. Ако повторно ми биде доверена таа одговорност од коалицијата ВЛЕН, ќе продолжиме да работиме на реализација на започнатите проекти.“, вели Биљал Касами.

На прашањето дали, доколку коалицијата ВЛЕН ги загуби локалните избори, ќе се преиспита учеството во Владата, Касами одговори дека ВЛЕН ќе биде апсолутен победник во повеќето општини.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

Следно

Рафиња стави крај на кариерата на 39 години

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop