Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

July 22, 2025
1 min read

„Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година.

Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП.

„Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту глобален шок. Она што го имаме е криза во планирањето, криза во отчетноста и криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава“, посочи Битиќи.

Тој додаде дека дефицитот само од крајот на април до средина на јули е зголемен повеќе од двојно – од 13,4 на над 30 милијарди денари, што е јасен знак дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.

Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува задолжувањето, и домашно и надворешно, со што се создава товар за идните генерации, а секоја нова обврзница и секој нов кредит значи помалку пари за училишта, здравство и инфраструктура.

„Со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, надворешниот за 1,38 милијарди, а најавено е и ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината. Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1% од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста“, нагласи Битиќи.

Toj истакна дека се дуплира ставката за набавка на автомобили, капиталните расходи, наместо да одат за болници, училишта или зелена инфраструктура, се пренасочуваат за набавка на возила.

„Се купуваат автомобили во вредност од речиси 900 милиони денари, во време кога капиталните инвестиции бележат ниска реализација од 28%, истакна Битќи, додавајќи дека Владата троши 1,8 милиони евра за 134 метри квадратни штанд на ЕКСПО 2027 – што значи 5.550 евра по метар квадратен, а со тие средства може да се обезбедат над 12.000 сензори за дијабетичари осносно да се опслужат 460 пациенти со дијабетес тип 1. Се кратат средствата за животна средина за 868 милиони денари, како и економската поддршка за мали и средни претпријатија, на кои и скромните 18.5 милиони денари им се ускратени на 11.5 милиони денари“, рече Битиќи.

Битиќи нагласи дека владата најавува зголемување на пензиите, но реалноста е дека 92% од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.

„Проекцијата за инфлацијата останува фиксирана на 2,8%, но реалноста е поинаква – минималната кошница се зголемила за 3.443 денари само во последните четири месеци, и за 7.000 денари во текот на една година. Животот поскапува, а платите и буџетските мерки не го следат тој тренд. Наместо мерки за заштита на куповната моќ – добиваме буџет без визија, без развојна насока и без слух за реалните потреби на граѓаните“, нагласи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, од собраниската говорница на расправата за ребаланост на буџетот за 2025 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mожни се три опции: Конечната пресуда против Милорад Додик на почетокот на август

Следно

Локални избори 2025 – ќе бидат распишани на почетокот од август, најави Гаши

Latest from Blog

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај
Go toTop