Ливерпул в недела може да стане шампион

April 18, 2025
1 min read

Премиерлигашот Ливерпул в недела може и теоретски да ја обезбеди шампионската титула, што за тимот од

„Енфилд Роуд“ би била 20 титула, колку што има освоено и Манчестер јунајтед.

На шест кола до крајот, Ливерпул е прв на табелата со 13 бодови повеќе од второпласираниот Арсенал и може да ја освои титулата овој викенд, доколку го победи Лестер на гостински терен, а Ипсвич претходно триумфира над Арсенал.

Тренерот на Ливерпул Арне Слот денеска изјави дека не размислува дали неговиот тим ќе ја освои титулата во Премиер лигата овој викенд.

„Искрениот одговор е дека не размислувам, но не сум сигурен дали ми верувате“, рече Слот на прес-конференција.

„Не гледам многу наназад и не гледам многу напред, таков сум јас. Воопшто не размислувам за тоа“, додаде Слот.

Доколку успее, ќе им се придружи на малиот број тренери кои ја освоија шампионската титула во Премиер лигата во првата сезона во клубот.

Ова претходно го направија Жозе Мурињо (Челзи, 2024/2025), Карло Анчелоти (Челзи, 2009/2010), Мануел Пелегрини (Манчестер Сити, 2013/2014), Клаудио Раниери (Лестер, 2015/2015) и Антонио Конте (Челзи 2016/2017).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени трите девојчињата кои беа пријавени за исчезнати во Скопје

Следно

Ангов за ТВ 24: Продолжениот празничен викенд донесе туристи во Дојран

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop