Без Западен Балкан Европската унија не е целосна, ова е пораката на лидерите на земјите кои се дел од процесот Брдо Бриони.
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан.
Европската интеграција на Македонија беше во фокусот на средбите кои претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги одржа со своите колеги од Хрватска и Словенија.
Извор: 24vesti.mk