Лидерите од регионот денес во Анкара на инаугурацијата на претседателот на Туркије, Ердоган

June 3, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во Анкара денес ќе биде спроведена церемонија за полагање заклетва на новоизбраниот претседател на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, а на свеченоста во Анкара, главниот град на Туркије, ќе присуствуваат бројни официјални лица од регионот, известува Анадолу.

На церемонијата ќе присуствува и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседавачката со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, членови на Претседателството на БиХ, претседателот на Партијата на демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на ентитетот РС, Милорад Додик, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи.

На церемонијата ќе присуствуваат лидери од над 40 земји.

Ердоган ќе ја положи заклетвата во Големото народно собрание на Туркије во 14:00 часот по локално време (13:00 по средноевропско време), со што официјално повторно ќе ја започне својата должност.

По церемонијата на полагање заклетва, Ердоган ќе го посети Аниткабир, мавзолејот на Ататурк, а потоа ќе присуствува на церемонијата на инаугурација во Претседателската палата во Анкара.

Ердоган е победник на претседателските избори на Туркије во вториот круг, освојувајќи 52,18 % од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 % од гласовите, покажаа конечните резултати што ги објави Врховната изборна комисија на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонскиот јазик ќе се изучува на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Следно

Македонскиот јазик од следната академска година ќе се изучува на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop