Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“

October 6, 2025
1 min read

Во фокусот на состанокот ќе бидат европската перспектива на Западен Балкан, Планот на ЕУ за раст на регионот, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, а нејзини членови се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Самитот во Драч го организираат претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ, а домаќин е претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

На состанокот во Албанија ќе учествуваат и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, косовската претседателка Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Иницијативата „Брдо-Бриони“ има за цел да поттикне меѓусебна соработка и да ги олесни напорите на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ. 

– Годинешниот состанок ќе се одржи под мотото „Заеднички интереси, заедничка посветеност кон заедничка иднина: заедно кон ЕУ“. Заедно со прашањето за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, ќе се фокусираат и на зајакнување на регионалната соработка, објавија организаторите.

Словенија на самитот во Драч уште еднаш ќе нагласи дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е најефикасната геополитичка алатка за обезбедување стабилност, мир и безбедност во регионот.

Учесниците на самитот ќе обрнат посебно внимание на спроведувањето на планот на ЕУ за економски раст на Западен Балкан, што им овозможува на земјите од регионот постепено да се интегрираат во ЕУ и носи конкретни придобивки за нивните граѓани. За таа цел, ЕУ воспостави финансиски инструмент за периодот 2024-2027 година вреден шест милијарди евра.

Се очекува Македонија да добие над 750 милиони евра од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан до крајот на 2027 година, Косово 880 милиони, Албанија 920 милиони, Србија над 1,5 милијарди евра, Црна Гора 380 милиони и Босна и Херцеговина околу 900 милиони евра, откако Европската комисија им ги намали средствата за десет проценти поради доцнења во планот.

Состаноците во рамките на иницијативата „Брдо-Бриони“ се одржуваат секоја година од 2013 година. Минатата година се одржа во Црна Гора, каде што лидерите во заедничка изјава ја нагласија важноста на добрососедските односи и регионалната соработка и се обврзаа на понатамошни реформи, зајакнување на стратешкиот дијалог со ЕУ и спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Легендата на Ливерпул ќе биде новиот тренер на Миовски во Ренџерс

Следно

Добрите парови разговараат за нивните проблеми на три начини

Latest from Blog

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,
Go toTop