Либија: 27 лица загинаа во судирите во Триполи

August 16, 2023
1 min read

ТРИПОЛИ (АА) – Најмалку 27 лица се убиени во вооружените судири во либискиот главен град што избувнаа доцна во понеделникот, според медицинските лица, пренесува Анадолу.

Центарот за итна медицина и поддршка на либиската Влада во вторникот соопшти дека има 27 жртви и 106 повредени во Триполи.

„Екипите на центарот успеаја да евакуираат 234 семејства од областите на судирите“, се вели во соопштението.

Од понеделникот вечерта, во главниот град на Либија се водат вооружени судири меѓу Специјалните сили за одвраќање поврзани со Претседателскиот совет и 444-тата Бригада на Владата на национално единство.

Судирите избија откако Махмуд Хамза, командант на 444-тата Бригада, беше приведен од Специјалните сили за одвраќање на Меѓународниот аеродром „Митига“ во Триполи.

Претходно во вторникот, портпаролот на либиската Влада на национално единство, Мохамед Хамуда, за Анадолу изјави дека премиерот Абдул Хамид Дбеибех се договорил со локалните личности во областа Сук ал-Џума во Триполи за прекин на огнот со предавање на командантот на 444-тата Бригада на неутрална партија.

Сук ал-Џума е една од најголемите области во главниот град Триполи, а командантот на Специјалните сили за одвраќање, Абдул Рауф Кара, потекнува од неа.

На 28 мај, Триполи беше сведок на судири што траеја со часови меѓу двете групи поради приведувањето на водечкиот член на 444-тата Бригада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: Вчера изгаснати 18 пожари, еден локализиран

Следно

Манчестер Сити и Севилја ќе играат за Суперкупот на УЕФА

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop