Левица: Фантом-фирма од Битола добива милионски тендери од ЕСМ

July 20, 2025
1 min read

Партијата Левица остро реагира на директорската гарнитура на АД ЕСМ за рекордни загуби, коруптивни тендери и продолжување на партиското вработување… Според нив, наместо ветената консолидација, јавното претпријатие тоне во долгови, додека тендерите ги добиваат фирми без вработени и без техничка способност. РЕК Битола склучи скандалозен тендер за чистење со фирма која нема ниту еден вработен и која е формирана само 4 месеци пред склучување на договорот за јавни набавки. Иако, согласно огласот објавен од АД ЕСМ, потребно било компанијата да има минимум 310 вработени и соодветната техничка опременост, тендерот вреден над 2 милиони евра го добива компанијата „Техно Коп Плус ДООЕЛ“ од Битола без ниту еден вработен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Релативен мир се врати во сириска Сувејда, помошта пристигнува под надзор на Црвената полумесечина

Следно

НАГРАДЕНАТА КНИГА „БЕРЛИН, ГРАДОТ ШТО НЕ ГО ЗАСАКАВ НА ПРВА“ ОД ПИСАТЕЛКАТА ЕНИС ХИЛМИ, ПРОМОВИРАНА ВО ОХРИД

Latest from Blog

Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите

Над 40 компании  учествуваа на работилници за примена на вештачка интелигенција во бизнисот (Скопје, 18.03.2026) – Како вештачката интелигенција да се стави во функција на реални, мерливи и одржливи деловни резултати беше во фокусот на работилниците што ги

Божиновска – Милер: Заедничка заложба за енергетска и општествена транзиција со фокус на младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари официјална средба со Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија. На средбата беа разгледани можностите за унапредување на меѓусекторската соработка со
Go toTop