Летањето со балон на топол воздух постави нов рекорд во Кападокија

October 16, 2024
1 min read

НЕВШЕХИР (АА) – Бројот на луѓе што резервирале летање со балон на топол воздух над познатиот турски регион Кападокија достигна рекордно високо ниво од 583.063 во период меѓу јануари и октомври оваа година, јавува Анадолу.

Кападокија, место што е ставено на списокот на УНЕСКО, е позната по историското значење и природната убавина и една од најбараните туристички активности таму е летање со балон на топол воздух.

Во текот на 182 дена оваа година, кога беа поволни временските услови, над 583.000 туристи уживаа во летањето со балон, што претставува нов рекорд – зголемување од 74.882 во споредба со вкупно 508.181 туристи во 2022 година.

Во истиот деветмесечен период во 2023 година со балон летале 473.396 луѓе.

„Во деветмесечниот период во Кападокија повеќе од 580.000 домашни и меѓународни посетители учествуваа во тури со балони“, рече Мехмет Динлер, раководител на локалната служба за тури со балони.

„Кога ги споредуваме овие податоци, гледаме дека ги достигнавме највисоките бројки. Верувам дека ќе ја надминеме годишната цел од 700.000 патници“, вели тој.

„Во нашиот регион се одвиваат летови со балони многу години, а интересот продолжува да се зголемува секоја година. Добредојдени се гости од целиот свет. Годинава имаше поголем интерес од претходните години. Кападокија е светски центар за балон на топол воздух. Луѓето го знаат тоа“, рече Толга Еке, лице што управува со балон на топол воздух.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВИДЕО: Роналдо збесна по оваа одлука на судијата, Португалецот испрати серија вербални навреди

Следно

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите, етнички и национали теми не се мој приоритет

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop