Лекарска комора: Речиси 80 отсто од лекарите во земјава биле навредувани, малтретирани или удрени на работно место

March 12, 2023
1 min read

Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба, велат од Лекарската комора по повод одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат.

Во анкетата која Лекарската комора ја спроведе минатата година 77,9 отсто од лекарите кои го одговорија анкетниот прашалник одговориле дека доживеале физичко или вербално насилство на работното место во текот на работниот век. Од нив 79,9 отсто одговориле дека доживеале вербално насилство со викање и навредување, 34,5 отсто биле жртва на вербално насилство со закана дека ќе биде извршено и физичко насилство, 43 испитаници или 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесна повреда, а 13 испитаници или 1,6 отсто доживеале физичко насилство со телесна повреда.

„Здравствените работници неопходно е да се чувствуваат безбедни на работното место, ослободени од притисокот за нивно загрозување, со цел да можат оптимално и квалитетно да ги извршуваат своите работни обврски и непречено да ги лекуваат пациентите“, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Стаределова, претседател на Лекарската комора на РСМ.

Од Лекарска комора додаваат дека важен исчекор во оваа насока е усвојувањето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие”. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“

Следно

Во Тирана одбележана 110-годишнината од егзодусот на дебрани

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop