Лек што го обновува лачењето инсулин до 48 часа кај лица со дијабетес 1

January 10, 2024
1 min read

Ново научно откритие нуди надеж за лекување дијабетес со регенерирани клетки коишто произведуваат инсулин, имитирајќи ги природните функции.

Луѓето кои страдаат од дијабетес имаат проблем со неправилно функционирање на панкреасот. Затоа, за да се регулира неговата работа, односно нивото на инсулин во крвта, најчесто мора да консумираат вештачки замени во облик на таблети или инјекции. Но, неодамнешните испитувања покажаа напредок во обновувањето на клетките што создаваат инсулин во панкреасот. Предводени од научниците од австралискиот Институт за срце и дијабетес „Бејкер“, во истражувањето се користени лекови одобрени од американската Федерална администрација за лекови (ФДА) коишто се насочуваат кон ензимот ЕЗХ-2 за да ги стимулира прогениторните дуктални клетки на панкреасот.

Поттикнувањето на ЕЗХ-2 е од суштинско значење за потенцијалот за регенерација на бета-клетките, според авторите. Научниот труд е објавен во списанието „Сигнал трансдакшн енд таргетед терапи“ (Signal Transduction and Targeted Therapy).

Дукталните клетки одговорни за обложување на каналите на панкреасот, при испитувањата биле поттикнати да ја имитираат функцијата на дефицитарните бета-клетки кај луѓе со дијабетес тип 1. А пак, ГСК-126 и Таземетостат – два инхибитори на мали молекули коишто веќе се одобрени за третман на рак, биле клучни за ублажување на ограничувањето што го наметнува ензимот ЕЗХ-2, дозволувајќи им на дукталните клетки да развијат функции слични на оние на бета-клетките.

Овој иновативен пристап се однесува на автоимуното уништување на бета-клетките кај дијабетес тип 1, каде што управувањето со инсулинот и гликозата се потпира на редовни инјекции. Важно – регенерираните клетки покажаа способност да чувствуваат гликоза, прилагодувајќи го лачењето инсулин.

Тестовите, кои користеа примероци од ткиво од 56-годишници без дијабетес и луѓе од најразлична возраст со дијабетес тип 1, открија конзистентни резултати. Охрабрувачки, нормалното лачење инсулин продолжи во рок од 48 часа по стимулацијата.

Се проценува дека околу 422 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, па ваков и слични лекови би можеле многу да им го олеснат животот. Иако клиничките испитувања допрва треба да се спроведат, гореспоменатото истражување претставува потенцијален начин за обновување на телесните функции погодени од дијабетесот.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЏИНОВСКИТЕ СИЛИКОНИ ГИ ДРЖАТ САМО ЕДНА ТРАКА: Дали овој кадар е најблизок досега на Сораја, глетката пече на очи (ФОТО)

Следно

Петровска: Судот треба да ја преиспита одлуката за осомничените за упадот во М-НАВ

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop