Лефков за ТВ 24: Меѓународните договори треба да се почитуваат, но да се штитат националните интереси

June 12, 2024
1 min read

Договорите треба да се почитуваат, но тие се двострани, треба да се почитуваат од двете страни. Нашата Влада ќе изготви документ во кој ќе се наведе што не се испочитувано од едната и другата страна. Овие договори, мислам на Преспанскиот, се однесуваат на институциите, а не на човековите права и ги поттикнувам граѓаните да го користат името Македонија. Грција се почесто го користи терминот „Скопје“, а ги нема сменето ни патоказите. Оттука ние треба да се насочиме повеќе кон човековите права, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

– Зошто кога се бара почитување од другата страна вие навлегувате во понижување? Вие бевте на власт и не побаравте ниту еднаш овој договор да се почитува и од другата страна. Дозволете да се работи како што треба. И случајот со Грција и со Бугарија се прашања на човекови права. Видовте дека со понижување на јавноста и со уценување на јавноста не се добиваат избори.Вашата влада функционираше како бизнис зделка, а овој договор го користевте како оправдување. Сега се обидувате да го сторите истото иако новата влада не е ни формирана. Заштитете ги граѓаните и побарајте ги нивните права, му се обрати Лефков на Оливер Спасовски од СДСМ.

Лефков вели дека во Уставот нема ниеден член кој забранува да се користи името Македонија, а се што не е забрането е дозволено.

– Нам ни се потребни одговорни институции кои ќе се занимаваат со заштита на граѓаните, а не како досега власт која се занимаваше со бизнис интереси и поделба на граѓаните. План има, дозволете да се формира владата во која секој од министрите ќе се занимава со своите надлежности и ќе ги исполнува своите задачи, вели Лефков. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таткото на Данка си ја отвори душата: Живееме со огромна болка, но и надеж дека нашето девојче ќе се појави

Следно

Официјално: Јувентус доби нов тренер

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop