Лефков: Венко Филипче го избра Заев, а го закопа СДС

December 4, 2024
1 min read

Венко Филипче, неврохирургот и потрчко на Заев се гордее со Зоран Заев и не планира да се откаже од него, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче наместо да покаже дека е автентичен, се забетонира себе си на дното, изразувајќи му лојалност на Зоран Заев, човекот кој ги направи сите предавства и под чија капа беа сите криминали.

Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови за Бугарија, за Македонскиот народ и јазик. Во СДС не се сменило ништо, тоа е истата антидржавна партија на Заев.

Партија со државнички позиции и Зоран Заев не одат во иста реченица, затоа повеќе од јасно е дека Венко Филипче го избра Заев, а ја закопа СДС.

Жално е како Венко Филипче не гледа дека токму Зоран Заев е причината заради која СДС е распарчена и дека токму тој е причината за предавствата на Македонија и криминалот кој царуваше 7 години.

Со Венко Филипче ништо ново не му се пишува на СДС, повторно истата приказна која народот добро ја знае, рече Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата

Следно

Не доби Нобелова, но пранкерите го прогласија Заев за „херој на нивните шеги“ и најступиден политичар

Latest from Blog

Промоција на книгата „Феминистичка теорија на насилството“ на Франсоаз Вержес

Во Културно социјалниот простор Центар Јадро денеска 19.30 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Феминистичка теорија на насилството“ на француската политикологина и историчарка Франсоаз Вержес, првото издание на Тиииит! Инк. во новата едиција

ПОДЗАБОРАВЕН Е ЛИКОВНИОТ ОПУС НА РИСТО ЛОЗАНОВСКИ, А Е ЕДЕН ОД КРЕАТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ, ВЕЛИ НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ЗА ВЕЧЕРАШНАТА ИЗЛОЖБА

Вечерва во 19 часот во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ ), ќе се отвори изложба во чест на 100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски, еден од

Јавната кампања со осуда на Артан Груби може да падне во Стразбур како „нефер судење“

„Ако создавата таква ситуација во општеството на однапред осуденост со сериозни напади во медиумите или изјави на политичари дека станува збор за ноторен криминалец, тоа во Стразвур може да падне на база

Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци
Go toTop