Лефков: Со имплементирање на меѓународните препораки ќе дојдеме до функционален систем на владеење на правото, граѓаните ќе имаат доверба во судството и пристап до фер и независно судство

February 16, 2025
1 min read

На денешната панел дискусија на темата „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“ присуствуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле
Лефков посочи дека треба да се преземат мерки и чекори со цел намалување на криминалот и корупцијата кои се длабоко вкоренети во судството.

„Станува збор многу сложен сет на мерки којшто треба да биде преземен, самата Европска мисија формираше една оценска мисија којашто даде 50 препораки а 17 од нив можеа да бидат имплементирани без законски измени, меѓутоа сето она што го гледаме деновите, имавме јавната расправа за законите коишто се однесуваат на безбедноста на сообраќајот, имаме одредени јавни расправи или дебати, она што можеме да го заклучиме е дека во Македонија немаме вооедначена судска пракса, односно кога зборуваме за оние казни со коишто запретува Кривичниот законик понекогаш можеби се добро одредени, меѓутоа од друга страна го имате јавниот обвинител којшто ќе се договори со оној којшто земал поткуп и за тоа ќе добие условна казна, ни недостасува вооедначена судска пракса, јавност на судските пресуди и нивна споредливост, понатаму тргање на политиката од правосудството, треба да престане принципот во којшто оние коишто се блиску помеѓу себе ќе најдат начин да ги одложат судските процеси, да имаат неразумно долго судење“, објасни Лефков.

Лефков посочи дека министерството за правда треба да го следи трендот на меѓународни препораки, барањата на граѓаните за она што бара ЕУ од нас за да имаме функционален систем каде ќе владее правото.

„Треба да се следат меѓународните препораки затоа што имаме еден куп меѓународни препораки како овие што ги споменав од оценската мисија, меѓутоа треба да ги оставиме да работат институциите. Владата знае што прави ги има најдобрите информации, треба се разбира и министерството за правда да го следи овој тренд, да ги следи барањата на граѓаните за она што го бара ЕУ од нас и на тој начин верувајте дека ќе дојдеме до еден функционален систем каде ќе владее правото. Граѓаните ќе имаат доверба во судството и секој ќе го има она за што е основно човеково право а тоа пристап до фер и независно судство“, дециден е Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама и Валтонен ги критикуваат изјавите на американскиот потпретседател Венс

Следно

Доаѓа првиот чартер на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop