Лефков: Неизбраниот премиер во експозето најави поинаква дебата, а тука седи незаинтересирано, чита книга и слуша музика како во некој тропски бар

1 min read

Потписник на овие разрешувања е неизбраниот премиер Ковачевски кој што овде незаинтересирано седи и чита книга, слуша музика налик на некои тропски бар, меѓутоа така оди со користење на државна помош, финансии, фонд за иновации. Знаете како, лесно стекнатите пари алудираат на и лесно потрошено време. Каде е дебатата? Еве го експозето. Во експозето премиерот ќе каже дебатата овој пат нека биде поразлична од претходните дебати. Дебата е кога ќе ги судриме овде аргументите, кога ќе имаме битка на аргументи, кога пред македонската јавност ќе се објаснува зошто се разрешува заменик министерот, на пример од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство и замислете еве го експозето од премиерот. Знаете колку пати е споменат зборот земјоделие во експозето? Нула пати.
Ова во неговиот говор на собраниската седницата за разрешување на заменици министри го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, исто така додаде дека наместо премиерот да се занимава малку и со образованието кое е во хаотична состојба и со Министерот кој го води овој ресор, тој во експозето воопшто ги нема спомнато зборовите учебници, свидетелства, нарушен образовен процес кој што ни се случува поради секојдневните безбедносни закани.

„Додека цела Македонија гледаме дека Министерството за образование и наука и министерот ја води работата на начин дека сѐ уште учениците немаат учебници, во експозето во кое што се разрешува, некој би помислил дека тоа е причината за разрешување, знаете колку пати се споменати зборовите учебници, свидетелства, нарушен образовен процес кој што ни се случува поради секојдневните безбедносни закани? Знаете колку пати се споменати? Нула пати“, истакна Лефков и додаде:

„Знаете што има спомнато во експозето? Европска унија, Европска унија 2, Европска иднина 3, Европска унија 4, Европа 5, Европски сојуз 6. Знаете што е тоа? Инфлација од користење на терминот европски сѐ до моментот додека е обезвреден и не вреди воопшто налик на југословенските динари со безброј нули за кои што не можевте да купите ни половина полу бел леб. Европската иднина преставена од обој премиер овде е половина кришка полу бел леб исполнет со неброени епитети за европска иднина, меѓутоа тие епитети денеска видовме дека се скапо платени, 26 илјади евра за фејсбук реклама, 26 илјади евра за купени лајкови, 26 илјади евра за виртуелни поддржувачи на неизбраниот“.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

МВР заврши со проверките: Лажни се сите дојави за бомби

Следно

Вучиќ: Србија од ЕУ доби неповратни 600 милиони евра за изградба на брзата пруга Белград-Ниш

Latest from Blog