Лефков: Човек близок на Груби добил акредитација за баждарење на пумпи, а директорката на институцијата што тоа го овозможила има непријавена хациенда

February 19, 2023
1 min read

(Прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ)

Денес продолжуваме со објавување на нови детали околу луѓето блиски до Артан Груби, луѓе кои вртат големи бизниси, но и функционерите во институциите од ДУИ кои тоа им го овозможиле.

Вчера објавивме дека фирмата Метролаб, основана од Ермир Имами, кој бил вработен како шалтерски работник кај братот на Артан, Ветон Груби, добила акредитација за вршење на инспекција на мерила за зафатнина и проток на нафтени деривати и течен нафтен гас, процес во кој учествува Бирото за метрологија.

Имено според чл.6 од Законот за метрологија, Бирото, учествува во постапката за акредитација на лаборатории за калибрација и тестирање врз основа на Законот за акредитација, и врши надзор над работењето на правните лица овластени за извршување на одделни работи од областа на метрологијата, такво правно лице е Метролаб, основана од Ермир Имами, во тоа време вработен кај Груби.

Бирото за метрологија е од клучно значење во целиот процес, затоа денес ќе презентираме факти, која е Мерита Мустафаи, директор на Бирото за Метрологија, што се крие зад неа и каков имот.

Мерита Мустафаи од ДУИ, која го овозможува бизнисот на човек близок до семејството Груби, во својот анкетен лист пријавила два стана во Тетово и едно теренско патничко моторно возило, Шевролет Каптива, сите на име на нејзиниот сопруг, но и два кредити, од кои едниот е еднаков со вредноста на станот во Тетово, кој е купен во истата година кога е земен и кредитот.

Вака анкетниот лист не е спорен, доколку не се знае фактот, дека сопругот на Мерита Мустафаи, Ељмир Мустафаи, поседува луксузна хациенда на Попова Шапка од над 150м2.

Ова е хациендата на Попова Шапка, на Мустафаи, која овозможува човек близок до Груби да добие акредитација за баждарење на инструментите за точење на нафтени деривати и течен нафтен гас.

А ова е имотниот лист на сопругот на Мустафаи, кој е потврда дека истата е негова.

Ова е анкетниот на Мерита Мустафаи, од кој се гледа дека истата не ја пријавила луксузната хациенда.

Хациендата на Мустафаи е почната со градба во 2020 година, тоа може да се види од овие сателитски снимки, тоа е една година пред Ермир Имами, вработен кај Груби, да ја основа Метролаб, а истата е завршена со градба веќе август 2021 година, ја има и снимката.

Зошто Мустафаи не ја пријавила хациендата? Што се крие зад тајниот имот?

Со кои средства е направена хациендата и дали семејството Мустафаи има доказ за потеклото на парите со кои е направена хациендата?

Јавно ги повикуваме институциите, на чело со ДКСК, но и ЈО и сите финансиски институции во државата, да отворат истрага и да утврдат со кои пари семејството на Мустафаи ја гради хациендата на Попова Шапка, но и зошто таа не ја пријавила?

Време е за одговорност на кадрите на СДС и ДУИ.

Утре продолжуваме со нови детали за бизнисите на луѓе блиски до Груби.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЗО: Потребна е помош за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија

Следно

Мицкоски: Во Македонија не владее правото, тоа го потврдува назадувањето на World Justice Project, треба да дојде крај на овие политички измамници

Latest from Blog

Пензионерите од утре ќе добиваат повисоки пензии за 2.500 денари

Пензионерите ќе добијат зголемување од 2.500 денари со мартовската пензија. Таа ќе биде исплатена на крајот на март или почетокот на април. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување достигнува 5.000 денари според

Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за ретки минерали бидејќи може да биде „во голема неволја“. – Гледам дека тој (Зеленски)

Трамп: Зеленски се обидува да се повлече од договорот за ретки минерали

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски се обидува да се повлече од договорот за ретки минерали, предупредувајќи го дека тоа би можело да има сериозни
Go toTop