ЛДП: Дали Гаши носел патен налог и документација за да може да оди по невеста на Косово со службено возило

August 18, 2024
1 min read

Дали претседателот на Собранието Африм Гаши со себе носел патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата, прашуваат од Либерално-демократската партија  откако на социјалните мрежи се појави видео од колона на автомобили, меѓу кои наводно и службеното возило на собранискиот претседател, за кого се тврди дека како сват заминал по невеста во Косово. 

Во писмената реакција објавена денеска, од ЛДП бараат одговори дали ако собранискиот претседател Африм Гаши имал патен налог, по кој основ е издаден истиот, за која намена, во колкаво времетраење и колку сето тоа ги чини граѓаните со чии средства од даноците се одржуваат службените возила. Од партијата изразија загриженост поради, како што велат, континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на Собранието.

Предлагаат сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани со иста боја, како такси-возилата во градот Скопје. Ваков предлог имаше и претходниот состав на антикорупциската комисија, но тој досега не е имплементиран. Полицијата веќе го проверува овој случај за разрешница на дилемата – дали има злоупотреба на државните возила.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Езерото Ладик на брегот на Црното Море се намалува поради големата суша

Следно

Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop