Лажни дипломи во Црна Гора: Поднесени 66 обвиненија, експертите предупредуваат на „селективна правда“

November 12, 2025
1 min read

Во Црна Гора од почетокот на 2025 година се поднесени вкупно 66 обвиненија поради сомнежи за фалсификувани дипломи за завршено образование, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со минатата година, јави црногорската национална телевизија РТЦГ.

Лани во земјата беше поставен рекорд со 38 обвиненија за фалсификувани дипломи, додека во 2023 година беа поднесени 28 обвиненија.

– Фалсификуваните дипломи се еден од најопасните видови нарушувања на јавната безбедност, бидејќи директно го напаѓаат системот на еднакви можности и довербата на граѓаните во институциите, изјави за РТЦГ Зарија Павиќевиќ од невладиното здружение „Алтернатива Црна Гора“. Според него, овој проблем е резултат на децениски недостиг на одговорност и контрола.

Павиќевиќ смета дека институциите во последните години преземаат мерки, но без јасна и недвосмислена волја од страна на политичкиот и судскиот систем, нема вистинско решение.

– Можеме да донесеме најдобри закони и да формираме многубројни групи, но ако обвинителите и судиите кои одлучуваат по овие предмети не покажат решителност и професионализам, ако остане простор за притисок и селективна правда, проблемот само ќе се рециклира. Црна Гора сè уште има судии и обвинители чија работа е доведена во прашање и токму тоа ги обесмислува сите институционални напори, посочи Павиќевиќ.

Во моментов, во Црна Гора не постои официјална статистика за бројот на фалсификувани дипломи, но според податоците на „Алтернатива Црна Гора“, нивниот број надминува 25.000 само во јавниот сектор. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гарсија и Рафиња се враќаат по паузата

Следно

Стоилковиќ-Месаровиќ: Македонско-српски бизнис форум во Скопјe, заедничка цел e стабилен и економски поврзан регион

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop