Стоилковиќ-Месаровиќ: Македонско-српски бизнис форум во Скопјe, заедничка цел e стабилен и економски поврзан регион

November 12, 2025
2 mins read

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска во Белград имаше работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Србија, Адријана Месаровиќ.

На средбата се разговараше за претстојниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје на 3 декември, за натамошното унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, за поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари за што постои значителен потенцијал.

-Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра, истакна по средбата Стоилковиќ.

Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.

– Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари, изјави Стоилковиќ.

– Нашата цел е да ја интензивираме економската соработка и да ја зголемиме надворешно-трговската размена. Бројките веќе покажуваат дека оваа година економската размена ќе биде поголема, со оглед на тоа што во првите девет месеци веќе се постигнати 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше вкупно 1,4 милијарди евра, објави Месаровиќ на Инстаграм по средбата со Стоилковиќ.

Министерката посочи дека бизнис форумот во Скопјe ќе биде организиран со цел дополнително поврзување на бизнисмените, а со поддршка на премиерот Христијан Мицковски.

На средбата е потврдено дека соработката меѓу Македонија и Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.

Потпретседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој престојува во официјална посета на Србија, денеска учествуваше и на конференцијата „Western Balkans 2030“.

Конференцијата „Western Balkans 2030“, што се одржува првпат, ги собра претставниците на меѓународните, европските и регионалните институции, владите, инвеститорите и иноваторите, со поддршка на Европската инвестициска банка и Канцеларијата на ОН за проектни услуги.

Средбата е организирана од списанието The Region со цел да се истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и потесно поврзана Европа.

Намерата е конференцијата да се одржи и во други градови низ целиот Западен Балкан до 2030 година, како годишен форум за дијалог и соработка, каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни дипломи во Црна Гора: Поднесени 66 обвиненија, експертите предупредуваат на „селективна правда“

Следно

Тензии во Реал: Не е само Винисиус против Чаби Алонсо!

Latest from Blog

ВЛЕН: 35 години независност – време е за посилни институции и европска иднина

Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава. Овој ден им припаѓа на сите

Мozzartsport.com: “Да зборуваме за Македонците, извор од кој Ц. Звезда се напојува!“

ФОТО:mozzartsport.com/ По се она што се случува со Матеј Гаштаров, по фантастичниот настап на младиот Македонец во “вечното дерби“, еден од најреномираните медиуми на Балканот, Мozzartsport.com, објави интересен текст со наслов –

КОМШИИТЕ ИМ ПОСТАВИЈА ЗАВЕСА ШТО ЌЕ ГИ ЗАПРЕ – Финска заврши со изградба на ограда долга 200 км кон Русија

Финска ја заврши изградбата на заштитна ограда долга 200 километри долж границата со Русија, во обид дополнително да ја зајакне контролата на својата источна граница и да одговори на она што Хелсинки

Лацио славеше и во Удине за “три од три“

ФОТО:facebook.com/UdineseCalcio1896/ Три натпревари, три победи за Лацио. Екипата од Рим славеше во Удине против Удинезе, и по голем пресврт, беше 1:2 (0:0). Поради исклучителната физичка подготовка на екипата на Џенар Гатузо, тие

Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат

Американската војска даде редок увид во своите операции на јужната граница, откривајќи дека само во август соборила „приближно 100“ дронови за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, потврди за „Фокс
Go toTop