Лазаров: Важно е да се бориме и да играме како што знаеме и умееме

January 16, 2025
1 min read

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по една преспиена ноќ направи уште една ретроспектива на мечот со Унгарија и го најави дуелот против Холандија во рамки на СП.

Ракометната легенда истакна дека важно му е да види борба како со Унгарија и со Хрватска, а од своите ракометари побара да не гледаат во семафорот и да бидат максимално фокусирани на теренот.

„Јас ќе бидам задоволен ако излеземе на терен и ако се бориме 60 минути, како што се боревме со Унгарија и претходно на контролата со Хрватска. Важно ќе биде и да не гледаме кон семафорот, да играме онака како што знаеме и умееме од првата минута, без разлика дали ќе сме во водство или во негатива.

Очекувам и голема поддршка од публиката, од самиот почеток да ни даде импулс и ветер во грб, да заиграме онака како што знаеме. Ако тоа се случи, верувам дека ќе биде добро, иако морам да повторам дека против себе ќе имаме една исклучително квалитетна репрезентација.

Холандија е селекција што не е толку крупна физички и агресивна во нападот и во одбраната како што тоа беше Унгарија, но Холанѓаните ги краси брза игра и мислам дека помалку ни одговараат како ривал. Ги имаме добро анализирано и ќе бидеме подготвени за нив“, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра во петок од 18:00 часот.,

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноска: Европскиот фронт не успеа да ја убеди јавноста со своите празни интерпелации, а СДС со отсуството покажува незаинтересираност

Следно

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop