Стојаноска: Европскиот фронт не успеа да ја убеди јавноста со своите празни интерпелации, а СДС со отсуството покажува незаинтересираност

January 16, 2025
1 min read

Во денешното издание на емисијата За или против на телевизија Алфа, свое обраќање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска и се осврна на случајот со оставката од страна на Илире Даути од претседателка на собраниската Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Стојаноска го критикуваше и односот на пратениците од СДС и нагласи дека нивната акција беше само кукавичка.

-По однос на интерпелацијата за Илире Даути, завршена беше работата уште во петокот кога беше седницата со тие 5 интерпелации, а една од нив беше за колешката Илире Даути поднесена од колегите од Левица. Впрочем чинот кога гласаат 61 пратеник за таа интерпелација е свршен чин, нашето гласање е одлука на парламентот, изјави Стојаноска.

Стојаноска нагласи дека после неуспехот што го доживеа Европскиот фронт и без разлика што се 18 пратеници имаа можност да ја бранат, а со нивните четири интерпелации не успеаја да ја убедат јавноста да ги слушне.

-Оние четири интерпелации кои што тие ги поднесоа за тројца министри и еден заменик министер, не видовме дека тие реално имаа капацитет да ја задржат таа интерпелација, односно со збор да ја убедат јавноста да ги слушне зошто ги поднеле тие интерпелации. Тој неуспех сакаа да го покријат денес со некакво глумење на жртва или херој, тој чин заврши во петокот на 10 јануари со изгласување за интерпелацијата на Илире Даути со 61 глас за. Сиот тој неуспех можеби денес Европскиот фронт сакаше да го надомести со некое сценарио но никој не влезе во нивниот сценарио, додаде Стојаноска.

Стојаноска истакна дека постоело некоја задкулисна игра за отпосле да прават сценарија, а фактот што пратениците на СДСМ заминале е само кукавички чин.

-Кушлусот настана кога Илире Даути беше должна на таа комисија која ја свикаа според Деловник да ја стави на точка на дневен ред, откако ќе поминат 6 часа од онаа пленарна седница на која што имаше еден закон за измена и дополна на Законот за пензиско и инвалидско осигурување по скратена постапка, и другиот беше Законот за бранители. Првопотпишана беше Славјанка Петровска, но не само Славјанка Петровска туку ниту еден од пратениците на СДСМ, членови или заменици на оваа комисија, а ни Славјанка како поднесувач на овој закон не биле присутни на таа комисија, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде и дека се очекува предлог за нов претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, а до тогаш нема да има никакви пречки за непречено функционирање на истата.

-Очекуваме да се добие предлог од таа пратеничка група за нов претседател, а во најмала рака, таа комисија може да продолжи со работа затоа што си има актуелен заменик претседател, колегата Илир Демири, нема никаква пречка за континуирано функционирање во Собранието, заклучи Стојаноска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв телефонски разговор помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија

Следно

Лазаров: Важно е да се бориме и да играме како што знаеме и умееме

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа

Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на
Go toTop